Македонија
(Видео) Колариќ: Шилегов и СДСМ изгласаа 100% поскап паркинг во услови на пандемија
На последната седница на Совет на Град Скопје Петре Шилегов со своите партиски послушници предложија и изгласаа 100% поскап градски паркинг, со образложение дека мора да се покачи бидејќи се покачени трошоците за струја и вода, изјави Светлана Колариќ советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
„ Со оваа одлука уште еднаш потврдија дека немаат слух за жителите на градот Скопје. Немаат слух за кризната состојба, економската нестабилност, сиромаштијата, немаат слух за огромниот број на граѓани кои секојдневно се борат со вирусот и мака мачат како да издржат со паричните средства од месец за месец.
Зар во декември и прогласена кризна состојба се носи ваква одлука?
Во услови кога послабо се користи автобуски превоз, неможност за возење велосипеди и тротинети, во услови кога се брза да се завршат секојдневни активности по аптеки, лаборатории, амбуланти, поликлиники и клиники, во услови кога зрак чист воздух го земаш на Водно за време на викенд да плаќаш поскап паркинг.
Шилегов удирајќи по џебот на граѓаните, удираш со глава во ѕид. Зар ова беше животот кој го ветивте за сите? Зар поскапи сметки за вода, струја, паркинг значат живот!
Зар поскапување на месечен паркинг билет од 1.000 денари стара цена на 2.000 денари нова цена живот значат за вас? Зар ова беше договорот со Филипче кога им ветивте на здравствените работници бесплатен паркинг на Клинички центар?
Вие со вашите политики сте еднакви на непознатиот непријател Ковид-19. Вие со вашите небулозни политики ги уништивте граѓаните на Градот Скопје. Еден ден ќе биде доцна да ги исправите грешките. Граѓаните никогаш нема да ви заборават!“ додаде Колариќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

