Црна хроника
Косовец фатен со лажен словенечки пасош и лична карта на скопскиот аеродром

Државјанин на Косово вчера бил фатен со лажна патна исправа и лична карта на скопскиот аеродром. Тој приложил словенечки документи, соопшти МВР.
„На 12.12.2020 во 11,45 часот на Граничен премин “Меѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово, бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица“ соопшти МВР.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата.
Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.
Црна хроника
Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното.
„Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
„На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.