Црна хроника
Безбедносните камери не работеа кога се случи масакрот кај Смилковци
Безбедносните камери кои пред две години беа поставени на најфреквентните улици, мостови и булевари низ Скопје не беа во функција кога се случи масакрот кај Смилковци, кога беа убиени петмина недолжни граѓани.
„За жал, камерите кога се случи грозоморното убиство не беа во функција и не можевме да сметаме на една ваква технолошки моќна алатка за разоткривањето на најтешкото кривично дело со кое сме се соочиле. Меѓутоа со несебично залагање на сите припадници на министерството за внатрешни работи кои буквално деноноќно работеа на терен од моментот кога се случи убиството до моментот на откривањето на лицата кои ги сомничиме за сторено кривично дело ’тероризам’ успеавме да го разрешиме овој комплициран случај“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Целиот полициски врв денеска беше во СВР Скопје и го промовираше проектот „Безбеден град“. Камерите кои одамна беа само поставени низ скопските улици, од понеделникот почнаа да снимаат по 24 часа.
Ќе ги „ловат“ сообраќајните прекршоци, но и ќе и’ помогнат на полицијата и во разоктивање на тешки кривични дела и во потрагата по криминалци. Некои од камерите ќе бидат статични, а некои ќе ротирааат. Несовесните возачи казната ќе ја добијат на домашна адреса.
Во оваа фаза на проектот, камерите функционираат во Скопје и Куманово, а се очекува да почнат да функционираат и во Тетово.
„Инсталиравме повеќе од 300 километри оптичка мрежа и во моментот кога проектот ќе биде целосно завршен, ќе бидат во функција над 600 камери кои ќе вршат мониторинг на просторите каде најчесто имаме јавни собирања, на најфреквентните и стратешки сообраќјници, влезовите и излезите на градовите. Со овој проект докажуваме дека МВР постојано инвестира во јакнење на капацитетот. Овојпат промовираме еден високо технолошки проект за кој со задоволство можам да кажам дека малку земји од поширокото опкружување може да се споредат со технолошките решенија кои во моментов ги има Македонија“, рече Јанкулоска и додаде дека ќе продолжат да вложуваат во човечки ресурси кои ќе управуваат со оваа опрема.
Првата фаза на проектот започна во 2009 година, но МВР го одложуваше поради економска криза. Проектот беше промовиран денеска симболично на „Денот на македонската полиција“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

