Актуелно
Илјадници се проштеваат од кралот Ричард Трети
Илјадници луѓе се простуваат од неделата од англискиот крал Ричард Трети кој во четврток ќе биде закопан во катедралата во Лечестер, 530 години по неговото загинување, пренесуваат англиските медиуми.
Ричард Трети загинал во битката кај Босворт во централна Англија во 1485 година и е последниот англиски крај кој животот го загубил во битка. Телото тогаш му било положено во скромен гроб во една капела во Лечестер, којашто подоцна била урната. Останките му беа пронајдени пред три години под градско паркиралиште,а беа пронајдени под ознаката R на асфалтот (резервирано место). Останките се идентификувани со 99-процента точност со помош на DNK од директен потомок.
Во неделата ковчегот со останките на кралот Ричард Трети во процесија минаа низ грофовијата Лечестер, а мина и на бојното поле во Бисфорт каде што испратен со слави и симулирање на битката, последната од династичките Војни на розите, во која го загинал а англиската круна минала во рацете на династијата Тјудор.
До четвртокот ковчегот на Ричард Трети ќе биде изложен на одарот во катедралата во Лечестер. Во неделата катедралата ја посетиле околу 35 илјади луѓе, а во понеделник се чека со часови на влезот од црквата, пренесува BBC.
Погребот во четвртокот ќе биде пренесуван директно на британската национална телевизија. Со церемонијата ќе раководи кантерберискиот надбискуп Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква. Кралското семејство ќе го претставува грофицата од Весекс и војводата од Глочестер. Католичката погребна литургија, пак, бидејќи Ричард Трети бил католик, ќе ја води кардиналот Винсент Николс.
Повторниот погреб на англискиот крал ќе се одржи на 26-ти март и покрај противењето на далечните потомци на Ричард Трети, коишто сакаа да биде погребан во Јорк, неговото упориште во северна Англија од кое владеел 26 месеци. Откако на 22-ри март останките ќе бидат преместени од универзитетот во Лечестер, преку Босворт, тие три дена ќе бидат изложени во катедралата за да можат Англичаните да му одадат почит.
На почетокот од септември 2012 година археолозите по паркиралиштето во центарот на Лечестер во централна Англија, пронајдоа добро зачувани останки на маж со искривен ‘рбет и тешки повреди и од тогаш беше омилена тема на британските таблоиди.
Сепак, во февруари 2013 година беше објавено дека по ДНК анализата, универзитетот во Лечестер заклучил дека скелетот ископан во септември 2012 година, несомнено му припаѓа на Ричард Трети, последниот крал од англиската лоза на Плантагенетите, расветлувајќи ја мистеријата стара повеќе од пет векови во врска со местото на коешто почиваат останките на легендарниот англиски крал.
Историчарите досега сметаа дека Ричард Трети, кралот на Англија во периодот од 1483 до 1485 година, кој инаку не бил многу омилен и на добар глас, изворно е погребан во „Капелата на сите фратри“ во Лечестер по неговото загинување кај блиското поле Босворт, во последната голема битка во Војната на розите меѓу династичките фамилии Ланкестер и Јорк со која е завршена 30-годишната војна. Меѓутоа, по расколот на Хенри VII со Ватикан, капелата е изгорена во XVI век и точното место на кралскиот гроб од тогаш беше непознато. Имаше и мислења дека телото на Ричард III било фрлено во река. Истражувачите на Универзитетот Лечестер сметаа, како што подоцна се покажа исправно, дека земјиштето на коешто некогаш била подигната капелата денес е паркиралиште на градскиот совет на Лечестер.
Кралот Ричард Трети стана историска и бесмртна личност се чини најмногу по заслуга на Вилијам Шекспир и неговата истоимена драма, во кој го опишува како грбав тиранин кој наредил да бидат погубени неговите два внука кои му го попречувале искачувањето кон англискиот престол, потврдувајќи го неговото реноме во историјата како немилосрден и свиреп владетел, како и по славната реченицата што славниот британски драматург му ја припиша на Ричард Трети – „Коњ, коњ! Кралство за коњ!“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Актуелно
Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК
Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.
Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.
Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.
„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.
Актуелно
Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје
Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.
Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.
Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.
Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.
Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.
Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.
Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.
Актуелно
Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство
Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.
„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.
Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.
Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.
„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.
Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.
Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.
Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.
Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.