Контакт

Скопје

Општина Центар продолжува со проектот „Цел Центар на точак“

Објавено пред

Општина Центар продолжува со реализацијата на проектот „Цел Центар на точак“, а  жителите на Центар можат да се пријават и за секој купен велосипед, да добијат субвенција.

dobivaj vesti na viber

Општина Центар за 2016 година издвои 2.800.000 денари и како и минатите две години, ќе субвенционира 30 отсто од вредноста на секој нов купен велосипед, но најмногу до 3.000 денари.„Секој полнолетен жител на општина Центар, кој ќе купи велосипед, треба да достави копија од лична карта со која потврдува дека е жител на општината, фискална сметка со сметко-потврда или фактура за купен велосипед и копија од трансакциска сметка“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.Досега, преку истиот проект во 2014 и 2015 година се исплатени субвенции за купени нови 1.867 велосипеди. Дека интересот на граѓаните е голем, покажува и податокот дека денеска, на првиот ден на почеткот на проектот „Цел Центар на точак“ се поднесени 14 барања за субвеции на нов велосипед. Градоначалникот потсети дека важат барањата за велосипеди кои се купени од денешниот ден.Жерновски најави уште еден проект кој се однесува подобрување на подобрување на велосипедската инфраструктура во општината.„Свесни сме дека само финансиска поддршка за нови велосипеди не е доволна и дека инфраструктурата е голем проблем. По сугестии на граѓаните започнавме со реализација на темелна студија за лоцирање на проблемите во рутите и движењето на велосипедистите на територија на општината. Проектот го изработуваме во соработка со професори од Архитектонскиот факултет во кој преку следење на движењата на велосипедистите  преку мобилна апликација прецизно ќе се утврдат најзначајните рути и за нив ќе се изработи план за реконструкција на постоечката или поставувања на нова велосипедска инфраструктура. Веќе е спроведено онлајн истражување со 800 корисници на велосипеди кои со нас ги споделија нивните мислења и сугестии како и каде треба да се подобрат условите за движење“, рече Жерновски. Центар, преку научна студија ќе ја дизајнира велосипедската инфраструктура на својата територија. Студијата покажа дека 96,7  отсто од корисниците на велосипеди минуваат низ општина Центар. Затоа Општина Центар ќе работи на создавање нова и подобрување на постојната инфраструктура./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Фото) Отстранет бесправно изграден објект и спречена узурпација на државно земјиште во Визбегово

Објавено пред

Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.

dobivaj vesti na viber

„Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.

Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе. Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште“, се вели во соопштението на општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Корисниците од село Орман денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Oтстранети 𝟣.𝟧𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии и изготвени 𝟣𝟩𝟫 записници за правилно одлагање на отпадот во текот на ноември

Објавено пред

Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел – заштита на животната средина и јавното здравје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје и додаваат дека во наведените месечни податоци, не се пресметани отстранетите количини непрописно одложен отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот што се одвиваше во периодот од 6-9 ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

(Видео) Мајка на загинато дете од „Пулс“: 63 сенки ќе ги следат обвинетите засекогаш, контрадикторно е што никој не се изјасни за виновен

Пред судот денес зборуваше Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков, која реагираше на однесувањето на обвинетите на минатото рочиште....

Македонија38 минути

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија1 час

Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет3 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа4 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет4 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет5 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет5 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет5 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет5 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија17 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија23 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија24 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија1 ден

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија1 ден

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ1 ден

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет1 ден

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...