Црна хроника
Кривични пријави за малолетниците што го нападнаа возилото на итната медицинска помош
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за С.Р. (17), Ф.Л. (16) и В.Ј. (17), сите од Скопје, поради основано сомневање дека на 31-ви декември, во алкохолизирана состојба нападнале возило и екипа на Итна медицинска помош, при што е извршено оштетување на возилото, а на возачот, Д.Т. (54), му се нанесени тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, незадоволството на малолетниците од услугата која ја добиле за прославата на Новата година во објектот во кој ја дочекале, резултирало со кршење на чаши и шишиња, при што еден од нив си ја исекол дланката. Потоа тројцата обвинети го пресретнале возилото на Брзата медицинска помош, кое брзало да стигне на адреса на истата улица за каде што претходно добиле повик, и побарале на повредениот да му биде санирана повредата. Откако биле одбиени почнале со раце и нозе да го демолираат возилото при што ги искршиле двата задни прозорци, стои во соопштението од МВР.
Возачот на возилото на Итна медицинска помош, излегол од возилото и почнала вербална расправија помеѓу нив, која прераснала во тепачка, во која Д.Т. го извлече подебелиот крај.
Медицински лица кои биле со возачот за време на немилиот настан, во пријавата како и во дадените изјави, го потврдуваат целиот настан, но негираат дека Д.Т. го нападнал С.Р./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

