Црна хроника
При тепачка повреден 66-годишен маж во Скопје

Вчера во Полициска станица Центар бил приведен С.А.(54) од с.Пепелиште, Неготинско, поради тоа што, според пријавата добиена околу 20.45 часот во СВР Скопје, во сутеренот од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, при физичка пресметка во која учествувале три лица, со остар предмет му нанел повреда на 66-годишниот С.С.(66) од селото Зелениково. По целосно документирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело убиство.
Според МВР, денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Н.А. избегал, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Топ
Обид за убиство и насилство во кочанското село Тркање

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство во обид по чл.123 ст.1 а во врска со чл.19 од КЗ на РСМ поднесе кривична пријава против И.М. (30) од село Тркање кочанско. Исто така поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство по член 386, став1 од КЗ на РСМ кривична пријава е поднесена и против лицето Б.М (35) исто така од село Тркање.
Како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лицата пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица.
Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан.
Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.
Црна хроника
Тешко повреден маж во несреќа со четирицикл во гостиварско село

Маж од селото Старо Чајле се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола врз четирицикл и удрил во ограда и порта на приватен објект во село Чајле, гостиварско.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила околу 11:20 часот на регионалниот пат во ова село. Возачот на четирициклот поларис, 31-годишниот Ф.Н. од Старо Чајле, при движење изгубил контрола и удрил во жичана ограда и метална порта од објект сопственост на Ш.Б.
Од здобиените повреди, Ф.Н. најпрвин бил хоспитализиран во Медицинскиот центар во Гостивар, по што, поради сериозноста на повредите, бил итно префрлен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.