Надворешна политика
Адеми: Словачкото претседателство со ЕУ да послужи за враќање на довербата во европскиот проект
Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во средата имаше обраќање на презентацијата на приоритетите на словачкото претседателство со ЕУ пред комисијата за европски прашања, при што му честиташе на словачкиот амбасадорот Мартин Безак за преземањето на претседателството со Европската унија и посака успешна реализација на зацртаните цели и приоритети.
Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во средата имаше обраќање на презентацијата на приоритетите на словачкото претседателство со ЕУ пред комисијата за европски прашања, при што му честиташе на словачкиот амбасадорот Мартин Безак за преземањето на претседателството со Европската унија и посака успешна реализација на зацртаните цели и приоритети.
Адеми истакна дека преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Словачка се случува во период на сериозни предизвици кога треба да се направат особени напори за да се врати довербата на граѓаните во заедничкиот европски проект, кој е од исклучително значење за целиот континент.
Вицепремиерот Адеми потенцираше дека соочувањето со последиците од референдумот за излез на Велика Британија, ситуација која се случува за првпат во историјата на Унијата како и со предизвиците кои произлегоа од мигрантската криза ќе бараат голема ангажираност и фокусираност од страна на европските институции и земјите членки, но сето тоа не смее да се одрази на процесот на проширувањето и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.
Адеми се осврна и на билатералните односи како значаен сегмент во процесот на пристапување, како и на регионалната соработка која исто така е особено значајна за земјите од процесот на пристапување притоа нагласувајќи дека Република Македонија секогаш била и ќе биде отворена за градење и продлабочување како на односите со земјите од непосредното соседство така и со земјите од регионот.
На презентацијата на приоритетите на Словачкото претседателство со ЕУ вицепремиерот Адеми уште еднаш ја потенцираше констатацијата повторувана многу пати досега дека процесот на проширување нема да биде завршен без интеграцијата на земјите од Западен Балкан, особено бидејќи за Македонија нема друга алтернатива освен целосна евро-атлантска интеграција./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.