Македонија
Нови 129 заболени и 22 починати од коронавирус во Македонија
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 591 тестирање, а регистрирани се 129 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 1.122 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.
Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67), еден од Куманово (88), еден од Дебар (43), од Штип (64), пријавени се девет пациенти од Прилеп, од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68), двајца од Струга (86 и 78), еден пациент од Велес (75), од Битола (58), од Гевгелија (72), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86) и еден пациент од Кичево (69). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78.434, бројката на оздравени пациенти е 55.155, на починати е 2.314, а бројот на активни случаи изнесува 20.965. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 33.844, активни 11.609
• Куманово 4.469, активни 576
• Дебар 590, активни 139
• Штип 3.193, активни 362
• Прилеп 3.945, активни 792
• Тетово 4.609, активни 970
• Струга 1.904, активни 404
• Велес 2.603, активни 568
• Битола 2.867, активни 716
• Охрид 2.218, активни 627
• Кавадарци 1.892, активни 557
• Гостивар 3.231, активни 657
• Гевгелија 1.060 активни 314 (71 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 180 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.158, активни 619
• Крива Паланка 567, активни 121
• Радовиш 578, активни 133
• Крушево 155, активни 68
• Кочани 1.516, активни 254
• Пробиштип 428, активни 52
• Демир Хисар 227, активни 39
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 129, активни 15
• Берово 469, активни 76
• Валандово 274, активни 55
• Виница 430, активни 65
• Делчево 643, активни 211 (177 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 181, активни 24
• Свети Николе 1010, активни 146
• Кичево 1512, активни 275
• Ресен 600, активни 149
• Неготино 924, активни 339 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 591 тест се преку: ИЈЗ – 135, ЦЈЗ Скопје – 28, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, МАНУ – 79, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 93, „Систина“ со PCR-метода – 155, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 2, ГАК – 26, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ (рапид-тест) – 73, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 381.207 тестирања на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Гази Баба – 1.712
Аеродром – 1.589
Кисела Вода – 1.560
Карпош – 1.522
Центар – 1.309
Ѓорче Петров – 1.071
Чаир – 697
Бутел – 591
Илинден – 312
Шуто Оризари – 187
Сарај – 176
Петровец – 113
Зелениково – 110
Чучер Сандево – 103
Сопиште – 85
Студеничани – 59
Арачиново – 23
Странец – 274
Нераспределени – 116
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хуманост на дело, за само шест часа собрани 3,1 милиони денари за лекувањето на малата Ана
Кампањата за лекување на осумгодишната Ана Јованчева официјално е затворена, откако за само шест часа беа собрани 3,1 милиони денари, објави доктор Ненад Лазаров.
Станува збор за една од најбрзите и најмасовни хуманитарни акции во последниот период, со што целосно се обезбедени средствата потребни за хируршката интервенција и лекувањето во странство. Со ова, како што посочи Лазаров, семејството на Ана е барем финансиски растоварено во најтешкиот период од нивниот живот.
Ана има дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex, со зафатена орбита. Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде што се бара специјализиран хирург за изведување на сложената и деликатна операција.
Болеста е сериозна и со висок ризик, а времето беше клучен фактор, поради што кампањата беше означена како најитна досега. Масовниот одѕив на граѓаните за неколку часа покажа силна солидарност и сплотеност кога е во прашање животот на дете.
„Секоја среќа ти посакуваме, Ана. Цела држава стана за тебе“, порача Лазаров, додавајќи дека поддршката за девојчето и нејзините родители ќе продолжи и во наредниот период.
Македонија
Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?
Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот на вљубените, за поинтересен. За други, единственото нешто што е важно е да се забавуваат на тој ден.
Најмногу профитираат трговците и угостителите, на кои не им требаше многу за да ја спојат романтиката со добро вино и да најдат начин да заработат добри пари на тој празник. Сепак, повеќето луѓе всушност знаат малку за светците кои ја предизвикале целата расправија, како и за тоа како дошло до тоа Денот на вљубените и Фестивалот на виното да „паѓаат“ на ист ден.На тој 14 февруари, има двајца светци – едниот кој има многу долга традиција и е почитуван со векови, а другиот, понов кој, преку медиумите, стана глобален феномен надвор од христијанските земји.
Може ли Свети Трифун да се заљуби, а Свети Валентин да се опие?
Прво, зборуваме за два сосема различни светци кои ги почитуваат и православната и католичката црква. Свети Трифун, како светец-заштитник на лозарите и винарите, не може да биде замена за Свети Валентин, ниту обратно. Католичката црква го слави Свети Трифун, но на 10 ноември. Од друга страна, православната црква на Свети Валентин се сеќава на 12 август. Сепак, никој тогаш дури и не помислува на Денот на вљубените, бидејќи Денот на вљубените на 14 февруари стана глобален феномен.Свети Трифун живеел во 3 век од н.е. во Мала Азија. Легендата вели дека имал чудотворен дар за лекување и дека успеал да ја излечи ќерката на римскиот император Гордиј „од зол дух“. Тој ги делел богатите кралски подароци на сиромашните и живеел како скромен чувар на гуски до крајот на својот живот. За време на големиот прогон, тој одбил да се откаже од Христос, поради што бил убиен во 250 година од н.е. на овој ден. Свети Валентин живеел некаде околу тоа време. Тој го посветил својот живот на тајно женење на војници, на кои им било забрането да основаат семејство, со нивните избрани жени. Поради оваа помош на заљубените парови, Валентин бил обезглавен во 269 година.
И што да се слави денес?
Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Денот на вљубените стана глобален феномен, а подарувањето бомбони, срца и други посебни подароци на саканата личност на крајот се прошири и во Србија. Сепак, има и такви кои сè уште го „препознаваат“ само Свети Трифун како празник. На која било група да припаѓате, имаме совет за вас – Прегрнете некого што го сакате… Отворете шише добро вино… И уживајте во животот.
Македонија
Изменет сообраќаен режим поради Задушница
Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, лево по улица „Боца Иванова” и десно до влезот на гробиштата Бутел. За излез, возилата ќе се движат десно по улица „Боца Иванова”, до кружниот тек на улица „Бутелска”, па лево по улица „Бутелска” и десно по улица „Кемал Сејфула”.
Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

