Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 36 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 482 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 9 приеми, и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.
Во моментот на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија – 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментот се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести – 17 пациенти, а на ОРЛ – 23 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, а на Иститутот за белодробни заболувања кај децата во Козле има 41 пациент.
Вкупно 482 пациенти потврден и сомнителн на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив е на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово, до 8 часот, имало 40-ина слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и може да згрижат пациенти што имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

