Македонија
(Видео) Костадинов: Со 10-те приоритети од „Акција 21“ ги носиме европските стандарди дома
Со уште поголема мотивираност ќе работиме европските стандарди да ги донесеме дома, во нашата татковина. Почнуваме реализација на нова стратешка рамка „Акција 21 – за европски стандарди дома“, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Во ‘Акција 21’ опфаќаме 10 приоритети, секој еднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество. Прв приоритет се правосудството и негово прочистување со цел обезбедување силна и ефикасна правна држава, која испорачува правда. Вториот приоритет е бескомпромисна и неселективна борба против корупцијата.
Преку воспоставување јасни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни фактори, преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин. Истовремено, се обврзуваме на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина. Следува засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средина. По европски стандарди.
2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на Ковид-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Веќе е реализирана уплата за 833.000 вакцини за популација од речиси 400.000 граѓани за вакцинација и за ревакцинација во рамките на Ковакс-механизмот. Добри вести за набавка на нови вакцини за нашите граѓани во исто време кога ќе пристигнат од ЕУ, денеска дојдоа и од нашите соседи. Тоа е добар знак.
Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европските стандарди во новите економски можности ги носиме дома. Светот сведочи дека ова е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата предводена од СДСМ да ги поддржува компаниите што влегуваат во овој бизнис, кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места.
Меѓу десетте приоритети од „Акција 21“ се и спроведувањето попис според стандардите на Евростат, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи во образованиот систем, како и искористување нови економски потенцијали.
Пред нас е исклучително важна година. Година во која треба да се има позитивен пресврт во нашето општество. Тоа ќе го постигнеме преку реализација на оваа иницијатива. Токму десетте приоритети од „Акција 21 – за европски стандарди дома“ и нивното исполнување, ќе бидат наш мотив. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, заслужуваат да живеат во отворено, развојно и напредно општество.
Тоа е нашата заложба за 2021 година, но и за годините по неа. Ја носиме Европа дома, обезбедуваме подобар живот за секој граѓанин во нашата татковина“, порача Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

