Спорт
Кој е вашиот фаворит? УФЦ со четири предлози за нокаут на годината

Четири најексплозивни УФЦ фајтери беа номинирани за „нокаут на годината“ од страна на УФЦ федерацијата во една проблематична, но и блескава година за федерацијата на Дејна Вајт.
ММА беше еден од спортовите кои најбргу се вратија по првичната пандемија на КОВИД-19, организирајќи мечеви во САД и во Абу Даби, и ова како да ги инспирираше фајтерите да имаат спектакуларни мечеви и нокаути во 2020.
Прв на листата е поранешниот шампион во бантам категорија, Коди Гарбант, кој со супер-брз удар го нокаутираше Бразилецот Рафаел Асунсао на УФЦ 250.
Потоа, тука е видеото кое стана вирално, кога Жоакин Бакли со „вистински нинџа удар“ го совлада Импа Касанганај на УФЦ Фајт Ајланд 5.
Трет е човекот со прикладно име, Кејос Вилијамс, кој го уништи Абдул Разак Алхасан на УФЦ Вегас 14, додека на четвртото место е Кевин Холанд, кој од незгодна позиција го декласираше Роналдо Соуза на УФЦ 256 овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пулишиќ промаши пенал – Нула во дербито Јувентус-Милан

Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Ова беше 245-та средба меѓу двата тима, која на крајот заврши со најнепопуларниот резултат. Милан петти меч по ред не успеа да постигне гол против Јувентус, последен пат росонерите, постигнаа гол против екипата од Торино во мај 2023 година.
Кристијан Пулишиќ не ја искористи најдобрата шанса на натпреварот, промаши пенал во 53-та минута.
Неколку минути пред пеналот на Пулишиќ, нјдобрата шанса за Јуве не ја искористи Гати, неговиот удар од пет метри брилијантно го одбрани Мењон.
Милан беше многу поблиску до победата, имаше повеќе шанси, беше поконкретен од ривалот кој, освен гореспоменатиот обид на Гати, не направи речиси ништо конкретно во нападот.
Спорт
(Видео) Пресврт на „Марадона“ – Наполи ја победи Џенова

Фудбалерите на Наполи ја победија Џенова со 2:1 во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Наполи успеа да ја оствари својата петта победа оваа сезона во Серија А, откако по пресврт ги победи гостите од Џенова.
Џенова поведе во 33-та минута преку Екатор. Напаѓачот на Џенова постигна спектакуларен гол со петица.
Во второто полувреме, Наполитанците ја обезбедија победата. Изедначи Самбо Ангиса во 57-та минута за израмнување и надеж дека Наполи може да ја продолжи трката со Рома.
Голот за победа го постигна Расмус Хојлунд во 75-та минута. Данецот игра како прероден во Наполи, каде дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед. Во средата, со два гола му ја обезбеди победата на наполи над Спортинг во Лигата на шампионите.
Наполи со оваа победа се изедначи со Рома на челната позиција, двата тима имаат по 15 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лесно му е на Сити кога го има Халанд

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ беа големи фаворити пред натпреварот, добро го отворија натпреварот, делуваа сигурно во првиот дел, но во вториот не направија буквално ништо пред голот на противникот. Сепа за тимот на Гвардиола најважна е победата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во деветтата минута, кога голманот на Брентфорд го совлада Ерлинг Халанд.
Сити го забележа четвртиот триумф во сезоната, сега се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бода, три помалку од лидерот Арсенал.