Свет
Русија прогласи за непожелни двајца колумбиски дипломати

Русија прогласи за персона нон грата двајца вработени во Амбасадата на Колумбија.
Тоа е сторено како одговор на протерувањето на двајца руски дипломати од Колумбија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Колумбискиот амбасадор во Москва, Алфонсо Педро Лазаро Лопез Кабаљеро, е повикан во Министерството, каде што му е врачен протест поради неоснованата одлука за протерување двајца руски дипломати од таа латиноамериканска земја, било кажано во руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.
Оттаму додаваат дека тој чекор не е во согласност со односите помеѓу Русија и Колумбија, кои се засноваат на традиционалното пријателство и заемна почит.
Како што пренесуваат некои колумбиски медиуми, двајцата руски диплоомати се протерани од Колумбија наводно поради вмешаност во шпионажа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Принцот Хари остана без телохранител, ја загуби правната битка и сега мора да плати речиси 2 милиони евра

Принцот Хари ја загубил правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.
Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.
Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.
Неговите адвокати тврдеа дека неговиот живот е во опасност поради немањето соодветна заштита.
Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.
Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна заштита како во периодот пред да ги напушти кралските должности.
Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Обединетото Кралство.
Свет
Украинскиот парламент на 8 мај ќе гласа за ратификација на договорот за минерални суровини

Украинскиот парламент на 8 мај ќе одржи гласање за ратификација на договорот за рудно богатство потпишан со Соединетите држави на почетокот на оваа недела, изјави претставникот Јарослав Железниак.
На два од документите поврзани со договорот нема да им треба одобрување од парламентот.
Вашингтон и Киев во средата потпишаа договор со кој на САД ќе им се обезбеди повластен пристап до нови инвестиции во експлоатација на природните ресурси на Украина, како и финансирање на инвестиции во обновата на Украина.
Свет
Тимот на Трамп подготви опции за зголемен притисок врз Москва

Американските власти подготвија голем број опции за зголемување на економскиот притисок врз Русија, бидејќи Владимир Путин сè уште одбива да се согласи на прекин на огнот, според извори запознаени со ова прашање.
Извори кои разговараа за Блумберг забележуваат дека Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука и дека дипломатските напори се уште траат. Детали за можните мерки не се соопштени.
Киев и неговите сојузници веќе некое време ги повикуваат САД да го зголемат притисокот врз Москва, вклучително и проширување на санкциите за рускиот енергетски сектор и приходите од нафта, за да го принудат Путин да преговара.