Црна хроника
Внук убил дедо во Струмица?

Осумдесет и шестгодишен струмичанец вчера бил пронајден мртов во својата куќа на улица „Сава Ковачевиќ“ во Струмица, соопшти МВР.
На телото на Ристо Г. кое било најдено утрово околу 6 часот, имало видливи убодни рани од нож. Осомничен за убиството е неговиот дваесет и тригодишен внук кој живеел на иста адреса со убиениот.
Внукот е приведен, а во тек се мерки за расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Под дејство на алкохол удрил во мопед и во „голф“: уапсен кумановец

Вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 31-годишниот Д.А. од Куманово, извести МВР.
На улицата „Теофан Економов“ во Куманово, тој со возило „сеат леон“ со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Метална шипка паднала врз скопјанец при санација на покрив на зграда: тој ги нападнал колегите

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката.
Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ја заклучувал сопругата, ја тепал и ѝ се заканувал: кривична за тетовец

Тетовец ја заклучувал сопругата, ја тепал и и се закнувал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Тетово.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,телесна повреда“ и ,,противправно лишување од слобода“.
Од 25.02. до 28.02.2025 пријавениот ја заклучил во семејниот дом неговата сопруга ѝ упатувал закани и физички ја нападнал.