Контакт

Надворешна политика

Стоиљковиќ: Декларацијата од Москва е за промоција на вредностите, а не против ширењето на НАТО

Објавено пред

Декларацијата од Москва предвидува јасна намера на потписниците да го промовираат зачувување на духовните и хумани вредности и заштита на христијанските свети места – спомениците на духовното и културно наледство на светската цивилизација, а тоа особено значајно поради изобилието од христијанското православно наследство на територијата на Македонија, но никој не обрна внимание на отворените бенефити кои се спомнуваат во Декларацијата, туку се обидуваат таа да ја претстават само како отворено спротивставување на идејата за натамошното проширување на НАТО на Балканот, рече во разговорот со неколку македонски медиуми Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, кој кон крајот на јуни во својство на гостин присуствуваше на 15-от Конгрес на владејачката партија Единствена Русија
 

dobivaj vesti na viber

Декларацијата од Москва предвидува јасна намера на потписниците да го промовираат зачувување на духовните и хумани вредности и заштита на христијанските свети места – спомениците на духовното и културно наледство на светската цивилизација, а тоа особено значајно поради изобилието од христијанското православно наследство на територијата на Македонија, но никој не обрна внимание на отворените бенефити кои се спомнуваат во Декларацијата, туку се обидуваат таа да ја претстават само како отворено спротивставување на идејата за натамошното проширување на НАТО на Балканот, рече во разговорот со неколку македонски медиуми Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, кој кон крајот на јуни во својство на гостин присуствуваше на 15-от Конгрес на владејачката партија Единствена Русија

 

Демокраската партија на Србите во Македонија, како што истакнува Стоиљковиќ, имаше чест да ја добие поканата да биде гостин на 15-ти Конгрес на партијата Единствена Русија, од којашто доаѓаат претседателот Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев.

Челникот на ДПСМ оценува дека поканата претставува „мошне јасен показател’ дека нивната партиска работа и активност во Македонија предизвикала поширока заинтересираност, па дури и од најважните светски политички субјекти

„Ја искористивме оваа прилика од Москва да донесеме малку светлина во темнината на новонастанатата бесперспективност на Балканот. За нас е најважно дека со потпишувањето на Декларацијата за соработка со Единствена Русија повеќезначно го зголемивме нашиот меѓународен капацитет и отворивме допопнителен простор за зголемување и подобрување на векторот на политичкото влијание во Македонија“, вели Стоиљковиќ

Како претседател на Комисијата на македонското Собрание за саработка со Државната Дума на Руската Федерација, Стоиљковиќ имал средба на највисоко ниво од страна на Сергеј Наришкин, председателот на Државната Дума. На средбата го запознал Наришкин со актуелната политичка ситуација во Македонија, и пошироко на Балканот, како и со можностите за заживување на собраниската комуникација меѓу двете држави. Притоа Стоиљковиќ остварил бројни меѓународни контакти со функционери на присутните партии од целиот свет, особено со оние од регионот, при што ја издвоил средбата со поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.

„Со потпишувањето на Декларацијата ја потврдивме заинтересираноста за развојот на заемно корисни односи на нашите држави со Евроазијската економска унија во областа на трговијата, економската соработка, како и соработката на финансиските и енергетски сектори, како и за севкупното проширување на мултилатералната соработка во овие области. Ја констатиравме сериозноста на предизвиците кои му се закануваат на цивилизираниот и мирен развој на Евроазискиот континент и потребата да се имплементира политиката на ново попуштање на меѓународните тензии. Изразивме подготвеност за барање на заеднички пристап во осигурувањето на безбедноста во Европа, вклучувајки ја и иницијативата за разговори околу можното формирање простор за суверени воено неутрални држави во југоисточна Европа“ појаснува Стоиљковиќ.

Меѓутоа, како што вели, за истакнување е што речиси никој не обрна внимание на отворените бенефити кои се спомнуваат во Декларацијата, туку се обидуваат таа да ја претстават само како отворено спротивставување на идејата за натамошното проширување на НАТО на Балканот.

„Како тоа да е единствениот проблем за кој балканските народи треба да размислуваат и да го решаваат, како други проблеми и интереси да не постојат. Да се разбереме, еднаш засекогаш, проширувањето на ЕУ на преостанатите балкански држави не зависи од балканските држави, туку сосема спротивно! Па зарем и американскиот претседател Барак Обама, пред само неколку дена не кажа дека Brexit е предизвикан од фактот дека ЕУ неконтролирано одела во проширивање?!“, смета Стоиљковиќ.

„Неоспорен факт е дека геополитичката квадратура на кругот на Балканот, која сериозно е закомпликувана со отворениот интервенционизам на странскиот фактор во нашата држава Република Македонија, крајно перфидната и уценувачка игра со Србија во врска со Косово и Метохија, обидите за промена на Дејтонскиот мировен договор во БиХ, на штета на Република Српска, безпризорното вовлекување на Црна Гора во внатрешен конфликт, избегнувањето на политички дијалог со Србите во Црна Гора и организираната антисрпска хистерија која српскиот народ го држи надвор од институциите на системот веќе две децении, бара итни решенија. Затоа .заложбите од Деларацијата треба да се согледуваат, пред сé, како гаранција за безбедноста на балканските држави од страна на САД и Русија, бидејќи долгогодишната мантра сосема е истрошена и веќе ризично контрапродуктивна“, порачува челникот на ДПСМ.

Стоиљковиќ е убеден дека „за измачените граѓани на балканските држави“, иницијативата претставува суштински спас од натамошните понижување и страдање, по системот на компромис на интереси.

„Таа не ги исклучува ниту Албанците, ниту муслиманите од регионот. Напротив! Но веќе на сите треба да им е сосема јасно дека проектот на обединување на регионот на антисрпски основи, во новонастанатите услови сé повеќе станува опасен. Одговорни влади и политичари мора да изнајдат начин што поскоро да излезат од него, без оглед на ризикот по сопствениот опстанок, кој во многу нешта и зависи од центрите на моќ кои истиот го осмислија и континуирано го спроведуваат“, вели Стоиљковиќ./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

Што по падот на Покровск?

Додека Русија фокусира огромни сили врз Покровск во обид конечно да го освои рударскиот град во источна Украина, расте неизвесноста...

Регион13 минути

Хрватски навивачи нападнати со шипки во Црна Гора

Група хрватски навивачи вчера вечер беа нападнати на магистралниот пат Цетиње – Будва. Според неофицијални информации од Управата на црногорската...

Европа58 минути

(Видео) Пет млади лица загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска

Тројца млади мажи и две жени на возраст од дваесет години загинаа во ужасна сообраќајна несреќа во округот Лаут, Ирска,...

Регион1 час

РТС: Пукано кон српски војници во близина на воена база

Вооружена и маскирана група Албанци отвори оган врз припадници на српската армија во реонот на базата „Дебела Глава“, во близина...

Свет1 час

(Видео) Тројца убиени во нов американски воен напад врз брод за шверц на дрога

САД извршија уште еден напад врз брод за кој се тврди дека шверцува дрога во источниот Пацифик, при што загинаа...

Европа1 час

Десет ранети, тројца мртви во руски ракетен напад врз Украина

Во руски ракетен напад врз источноукраинскиот град Балаклија загинаа три лица, а десет беа повредени, меѓу кои и три деца,...

Свет15 часа

Поларен вртлог носи „декември за паметење“

Поради невообичаено рано затоплување на стратосферата, на прагот е да почне значително нарушување на поларниот вртлог. Прогнозите покажуваат дека поларната...

Македонија17 часа

(Видео) Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ...

Топ17 часа

Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице

СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради...

Македонија19 часа

(Видео) Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

„Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино...

Македонија20 часа

(Видео) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

„Поминуваат денови од откривањето на еден од најстрашните скандали во македонското здравство со непотребни операции на срце направени во приватни...

Свет21 час

Украина зимава ќе увезува гас од Грција

Украина ќе увезува гас од Грција за да ги покрие потребите за време на зимата, изјави денеска украинскиот претседател Володимир...

Свет22 часа

(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади

Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани...

Економија23 часа

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

На вчерашната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Спасовски го оцени буџетот како...

Свет23 часа

(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се...

Европа23 часа

Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти

Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот...

Македонија2 дена

(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека

Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност. Маршот во организација на...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за...

Македонија2 дена

(Видео) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави, кој дал индикација?

„Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се...