Свет
Нова студија: Маските блокираат 99,9 проценти од големите капки што го носат вирусот
Маските за лице го намалуваат 99,9 проценти ризикот од ширење на големите капки поврзани со опасноста од ширење на коронавирусот кога лицето зборува или кашла, покажа истражувањето објавено во магазинот Royal Society Open Science.
„Несомнено е дека маските за лице може значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“, изјави водечкиот автор на студијата, Игнацио Марија Виола, од Универзитетот во Единбург, за „Франс прес“.
Лице во исправена положба на два метра од друго лице што кашла без маска е изложено 10.000 пати повеќе на ширење на капките што потенцијално го носат вирусот.
Авторите на студијата велат дека капките што се исфрлаат како проектил кога зборуваме или кашламе, а потоа паѓаат на земјата поради гравитацијата, се главниот двигател на преносот на вирусот Сарс-КоВ-2.
Помалите капки може да останат во воздух подолго време и да претставуваат ризик, особено во затворени и лошо проветрени места и кога луѓето не носат маски или ги носат погрешно, под носот.
„Ние постојано издишуваме цела низа капки, со големина од микро до милиметар, а некои паѓаат на земјата побргу од другите, во зависност од температурата, влажноста и особено протокот на воздухот“, додава научникот.
Студијата се концентрирала на честички со дијаметар повеќе од 170 микрони, од два до четири пати поголеми од човечката коса.
Аеросолните честички се помали од 20 до 30 микрони. Вирусот Сарс-КоВ-2 што предизвикува Ковид-19 има дијаметар од 0,1 микрони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

