Спорт
Нема панично купување во јануари, само ако има „вистински“ фудбалер
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, смета дека „ѓаволите“ нема да купуваат „панично“ во јануари и дека ќе се „фрлат пари“ само ако на пазарот има вистински фудбалер за нив.
Трпението на „Олд Трафорд“, конечно, на прв поглед се исплатеше, откако Оле Гунар Солскјер ги надмина сите сомнежи и критики за слабиот старт на сезоната, за клубот да е неочекувано во позиција да се бори за титулата со пет поени заостанување зад Ливерпул, но со натпревар помалку и пласман во полуфиналето на Карабао купот.
Токму затоа, Невил смета дека нема да има многу трошење, посебно поради економската ситуација со корона вирусот.
„Ако се појави вистински фудбалер, тогаш, да Манчестер јунајтед треба да го искористат зимскиот проден рок, бидејќи мора да се засили тимот. Но, ако нема таков фудалер, нема паника, мислам дека тука им дојде памет во последните сезонии. Пред само две три недели, во најава беше тешка сезона – испаѓање од Европа, слаби мечеви. Но, сега, чашата е полу полна. Ако отидат кај Лестер и победат, тогаш самодовербата ќе се крене. Затоа, треба да му се даде шанса на Оле“, вели Невил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рома со играч помалку падна во Каљари
Во 14-то коло од Серија А, Рома го претрпе вториот последователен, а вкупно петти пораз во Серија А оваа сезона.
„Волчицата“ беше поразена на гостувањето кај Каљари со 1:0. Каљари ја забележа првата победа од месец септември.
Решавачкиот момент во натпреварот се случи во 52-та минута кога Зеки Челик направи прекршок како последен играч во одбраната и доби директен црвен картон. Домашниот тим ја круниса подобрата и поконкретна игра во 82-та минута кога Себастијано Еспозито го пронајде Џанлука Гаетано и овој полуволеј ја затресе мрежата.
Рома нема нерешен резултат во 14 кола, туку девет победи и пет изгубени натпревари. Интересно е што сите пет порази ги доживеа со ист резултат – 1:0.
Рома со 27 поени се наоѓа на четвртото место на табелата, Каљари е на 14-та позиција со исто толку бодови.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Норис во солзи ја прослави шампионската титула
Ландо Норис, во Абу Даби на патеката „Јас Марина“, стана 35-тиот возач кој го освои шампионатот во Формула 1. Норис е 11-от Британец со светска титула. Воедбо Британецот на Мекларен му ја донесе првата титула во конкуренција на возачи по 2008 година.
Во последната трка од сезоната, 26-годишниот Британец заврши трет, доволно за да ја прекине четири годишната доминација на Макс Ферстапен.
„Ова патување е долго, навистина долго… Навистина… Прво на сите, ви благодарам на сите, мојот тим, моето семејство, татко ми, мајка ми… хаха, не плачам“, новиот светски шампион едвај можеше да најде зборови од среќа и солзи во својата прва изјава по најголемиот успех во неговата кариера.
Норис на крајот имаше два поени повеќе од Ферстапен, кој победи на трката во Абу Даби.
Трката на патеката „Јас Марина“ го означи и крајот на една ера во Формула 1, бидејќи следната сезона ќе пристигне нова, во која автомобилите ќе бидат помали и полесни, сето тоа со цел трките да бидат повозбудливи отколку што беа досега.
Исто така, Големата награда на Абу Даби беше последната трка во која ќе се користи DRS, но ќе биде и последната трка за Заубер, кој официјално ќе стане Ауди од следната година.
Over to you, Lando 🎙️
The first interview with our new world champion! #F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/py5OTzAxCg
— Formula 1 (@F1) December 7, 2025
Foto/ EPA
Спорт
Ван Дајк свикал состанок, играчите се побунија
Фудбалерите на Ливерпул му дадоа поддршка на Мохамед Салах, пишуваат англиските медиуми.
Ливерпул поминува низ најтурбулентниот период во последните неколку години. Резултатите се лоши, играта е под сите стандарди, а и атмосферата во тимот не е добра.
Најновите информации од Англија велат дека тензиите во соблекувалната се преточиле во сериозен раскол помеѓу ѕвездата на тимот Мохамед Салах и тренерот Арне Слот.
По ремито со Лидс (3:3), Салах дополнително го потресе клубот – тој најави можно заминување и остро го критикуваше Слот, што, според медиумите на островот, предизвика верижна реакција.
Наводно, капитенот Вирџил ван Дајк веднаш потоа свикал состанок со играчите и ги повикал своите соиграчи да го поддржат египетскиот ас. Според истиот извор, тие едногласно го прифатиле барањето на капитенот.
Набрзо бил формиран ставот на тимот: играчите сакаат Арне Слот да ја напушти клупата на Ливерпул.
Проблемот е длабок и не е од вчера. Салах, иако има нов договор од почетокот на годината, игра во многу послаба форма од претходно – со само четири гола и две асистенции во сезоната.
Почесто, како што е опишано, тој му носеше штета на тимот отколку корист. Сепак, целата соблекувална стоеше зад него, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Она што става дополнителен притисок врз клубот е фактот дека Салах наскоро оди на Африканскиот куп на нации. Се поставува прашањето: дали ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Ливерпул пред тоа?

