Економија
United Grоup ја купува бугарската „Нова“
United Group, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, денес објави дека постигна договор за преземање на Nova Broadcasting Group, најголемата бугарска мултиплатформска медиумска компанија, од Advance Media Group. Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата „Тотал ТВ“.
Трансакцијата се очекува да заврши на почетокот на следната година по вообичаените регулаторни одобрувања. NOVA TV, националната телевизија во Бугарија, 10 телевизиски канали, најголемата онлајн-платформа – Net Info, која секој месец ја гледаат просечно 80 % од населението во земјата и четири радиостаници, се дел од Novа.
Victoriya Boklag, извршната директорка на United Grоup, изјави: „Многу сме задоволни од постигнатиот договор. Купуваме успешна компанија од двајца истакнати претприемачи, со големи изгледи за понатамошен раст во рамките на Групата. Новата аквизиција е во согласност со целокупната деловна стратегија на United Grоup, која поседува телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на кои работиме. Новата радиодифузна група го надополнува нашето постојно медиумско портфолио и уверена сум дека ќе најдеме многу синергии, што ќе ни овозможи на кој било пазар понатаму да инвестираме во локална содржина што бргу ќе допре до публиката“.
Георги Домушчиев, извршен директор на Advance Media Group, рече: „Оваа аквизиција е голем успех и голема можност за Novа, нејзините гледачи, слушатели и посетители. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ни помогнаа да ја развиваме водечката бугарска комерцијалниа медиумска група. Договорот со United Grоup ќе обезбеди континуиран развој на Novа“.
Инвестицијата претставува четврта голема трансакција откако BC Partners стана мнозински сопственик на United Grоu во март 2019 година.
Работејќи истовремено во телекомуникацискиот и медиумскиот сектор, платформата на United Grоup ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во Југоисточна Европа. Компанијата има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени.
За United Group:
Со седиште во Амстердам, United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за клиентите во целиот регион. За 20 години од основањето, United Group купи и успешно интегрира повеќе од 100 компании. Секоја година одвојува значителни средства за развој на дигитална инфраструктура, оригинални медиумски содржини и технологија. United Group од март 2019 година е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании, и работи во осум земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.