Црна хроника
Гостиварец осомничен за силување
Четириесет и деветгодишен гостиварец е осомничен дека физички нападнал и силувал жена. Според информациите на гостиварското Обвинителство, жената успеала да избега и повикала полиција.
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против 49-годишен гостиварец, кој е осомничен дека на 19 декември нападнал и силувал жена.
Тој ја однел жртвата во својата куќа во Гостивар, каде што физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент жртвата успела да го оттурне од себе и да избега и го пријавила осомничениот во полиција.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил удри во малолетен велосипедист во Липково
Вчера во Куманово било пријавено дека на локален пат во селото Липково, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од с.Липково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид.
Топ
Ужасен улов во Вардар: рибар од Тетово, наместо риба, извлекол торба со мини
Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов.
Според информациите од полицијата, тој јадицата ја фрлил во селото Стенче, кај стенечкиот мост на реката Вадар. Сепак, наместо да улови риба, од реката извлекол торба, во која имало седум тромблонски мини.
Рибарот ги уловил мините вчера напладне, а се работи за 19-годишно момче.
За случајот известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати.
Црна хроника
Полицијата апсеше поради марихуана во Скопје, со дрога синоќа фатени осум луѓе, меѓу нив и малолетник
Полицијата објави дека затекнала повеќе луѓе синоќа со марихуана, на подрачјата на Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.
На 29.09.2024 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.09.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.09.2024 во 21.40 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.09.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Љ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.09.2024 во 15.35 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Р.(25) и К.К.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.09.2024 во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (30.09.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(42) од село Студеничани, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.