Црна хроника
Брканица низ кавадаречките улици

Избеган затвореник се спаси од полициско апсење и се’ уште е на слобода
Единаесет дена е на слобода затвореник од гевгелискиот затвор. Дваесетичетири годишникот О.К. избегал и се крие во родното Кавадарци. Тој е причина што вчера напладне се случила вистинска бркотница низ кавадаречките улици. Бегалецот О.К бил забележан од полицијата крај ОУ Тошо Велков.Сакале да го приведат но криминалецот им се спротивставил и се дал во бегство. Така започнала полициската акција во која сите трчале, по сокаците до кејот на реката Луда Мара. Бегајки од полицијата О.К ја прегазил реката но од другата страна го пресретнал еден од полицајците, кој за момент го фатил но неуспела да го додржи. Затвореникот бегалец продолжил да бега незастанувајки на повиците на полицајците и испуканиот куршум во воздух. Од кавадаречката полиција денеска рекоа дека брзо ќе го фатат криминалецот, не се откажувале оти веќе му влегле во трагот. Од затворот во Гевгелија, затвореник О.К, избегал пред единаесет дена откако таму завршил пред неколку месеци за да издржува затворска казна во времетраење од 2,5 години за неколку кривични дела тешки кражби и насилства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Дете се отруло од алкохол во Тетово, во неконтактибилна состојба однесено во болница

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот.
Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.
Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.