Економија
Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии

Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– В понеделник, на 28.12.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 29.12.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– В среда, на 30.12.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– В четврток, на 31.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник, 28 декември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски останува на ставот дека треба да се пресметуваат посебни потрошувачки кошнички

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека е потребно да се изработат посебни потрошувачки кошнички за различни категории граѓани, како што се самци, млади брачни парови, семејства со три или четири члена, како и за пензионери.
Тој нагласи дека трошоците на овие групи не се исти и затоа не треба да се третираат подеднакво.
Мицкоски кажа дека на последната седница на Економско-социјалниот совет била водена дискусија по ова прашање и дека веќе е формирана работна група.
„Мислам дека со Министерството за економија и труд има веќе работна група која комуницира. Мислам дека треба да излеземе заедно со Државниот завод за статистика и други институции со унифицирана потрошувачка кошничка која ќе даде вистински одговор на сите дилеми што се појавуваат поради сомневање за одредена субјективност на едната или другата страна. Генерално, таква кошница која ќе одговара на потребите на граѓаните треба да излезе. Уште стојам на ставот дека мораме како втора пресметка да направиме пресметка и за потрошувачка кошница за самец, млад брачен пар, тричлено и четиричлено семејство и пензионери. Сето ова треба да го имаме на ум зашто потребите на малд брачен пар и на пар пензионери не се исти. Не можеме една кошница да се третира како генерална минимална потрошувачка кошница. Кога би ги имале сите овие параметри, мислам дека ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки“, изјави премиерот Мицкоски.
За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со месец август, вредноста на синдикалната минимална кошница е намалена за 430 денари.
Месецов за храна и пијалоци, како што стои во табелата, се потребни 23.394 денари, односно 670 денари помалку од август, кога требало да се потрошат 24.064 денари.
Според пресметките на синдикатите, доколку семејството живее под кирија, во изнајмен стан од 60 квадрати, месецов ќе му требаат најмалку 80.452 денари.
Економија
Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а веќе се покренати и одредени постапки.
„Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постапки што се почнати и покренати“, кажа Мицкоски.
Тој очекува намалување на инфлацијата во следниот период и нејзино сведување на 2 до 3% наредната година. Рече дека првпат по многу месеци и базичната инфлација се намалува.
„Очекувам во овие месеци да има намалување, а следната година да дојдеме до инфлација меѓу 2 и 3 отсто на годишно ниво. Ако ја споредиме инфлацијата со земјите околу нас кои се дел од ЕУ, Хрватска 4,6, Романија 6,8 отсто во август, кај нас има тренд на намалување и првпат по многу месеци можам да кажам дека и базичната инфлација, но и цените на прехранбените производи на месечно ниво имаат негативен партаметар, тоа значи дека се намалуваат“, изјави премиерот.
Економија
(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската стабилност на државата затоа оваа Влада е нивен најголем поддржувач и партнер, рече денеска на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Апатичноста на претходната власт изразена преку неисплатени субвенции и афунционални системи за наводнување, сега е веќе минато. За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ исплати над 11 милјадра денари за заостанати и тековни субвенции, со што 70.000 земјоделци добија финансиска поддршка. Системите за наводнување пак се оспособени со што навремено е обезбедена вода за наводнување“, кажа Андоновска.
Таа рече дека од неодамна, во подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започнато е доделувањето на картици за зелена нафта, мерка која опфаќа речиси 46.000 земјоделци, а за која се издвоени 540 милиони денари.
„Оваа година утврдена е и рекордна откупна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец- 21,3 денари по килограм и Смедеревка- 18,9 денари по килограм. Исто така оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица се откупуваше по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите“, истакна Андоновска.
Со ВМРО- ДПМНЕ, додава таа, за првпат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви и тоа 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари по килограм, без ДДВ.
„Новина е отпочнувањето на кампањата „Македонско најдобро“ која има за цел раздвижување на домашната економија преку помагање на компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, како и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи. Најмаркантен повик е т.н. мерка 50-50, со која се кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација. Додека пак јавниот повик за млади земјоделци броеше 254 апликации од кои одобрени се 117. ВМРО-ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец. ВМРО- ДПМНЕ продолжува со поддршката кон македонските земјоделци затоа ВМРО- ДПМНЕ е вистинскиот избор за твојата иднина!“, вели Андоновска.