Црна хроника
Приведен сопственик на угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време
Приведен е 43-годишен жител на тетовското село Желино, чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него имало гости. Приведена е и косовска државјанка.
„Вчера (27 декември) околу 19 часот и 15 минути, полициски службеници од СВР Tетово го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ф. од тетовско Желино, чиј угостителски објект во ова село работел по дозволеното време и во него имало гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г.(35) која, исто така, била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.
Ј.Ф. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат. Косовската државјанка, пак, предадена е за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Го лажел дека е вработен во суд и дека ќе помогне синот да му биде ослободен од притвор: кривична за скопјанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Имено, во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.
Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.

