Спорт
Меси, Рамос, Агуеро, Алаба…наредната година ќе бидат слободни играчи
Фудбалерите чии договорни обврски со клубовите истекуваа по завршувањето на сезоната 2020/2021, за 48 часа се стекуваат со право да преговараат со други тимови. На оваа листа има неколку врвни фудбалски имиња, а ја предводат капитените на Барселона и Реал, Лионел Меси и Серхио Рамос.
Меси, минатото лето, изрази желба да ја напушти Барселона, но на крајот остана на „Ноу Камп“. Тој во јуни наредната година ќе може како слободен играч да замине од клубот. Неодамна изјави дека одлуката ќе ја донесе по одржувањето на претседателските избори во клубот, кои се закажани за 24.јануари.
Без договор ќе остане и Серхио Рамос, но барем засега најреална е опцијата тој да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и во наредните две години.
Слободен играч ќе биде и Серхио Агуеро, кој цела деценија го носи дресот на Манчестер сити. Медиумите во Англија шпекулираат дека Аргентинецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Наредната сезона нов клуб ќе има и Давид Алаба. Австриецот не успеа да се договори со Баерн Минхен, поточно клубот не сакаше да ги исполни неговите мегаломански барања. Алаба сака годишна плата од 20 до 25 милиони евра.
Месут Езил, во 2021 година сигурно ќе има нов клуб. Езил не е во плановите на Микел Артета, нема одиграно натпревар девет месеци. Реално е клубот да му дозволи да си замине во овој преоден рок.
Слободен играч е и капитенот на Лион, Мемфис Депај. Овој напаѓач најчесто се поврзува со Барселона, но во Италија тврдат дека Холанѓанецот ќе се обиде да го донесе Јувентус.
Уште еден играч се поврзува со Барселона, тоа е сонародникот на Депај, Жоржињо Вајналдум. Него му истекува договорот, но тој се надева дека Ливерпул ќе му понудат продолжување на соработката.
Аркадијуш Милик од Наполи, слично како и Езил, ќе го напушти клубот во актуелниот преоден рок. Или барем тој тоа го сака. Наполи бара за него 15 милиони евра, то е превисока сума за играч, кој за шест месеци ќе биде бесплатен на пазарот.
Статус на слободни играчи во јуни ќе имаат и Џанлуиџи Донарума, Флоријан Тован, Џеси Лингард, Шкдран Мустафи, Џером Боатенг, Ерик гарсија, Лука Модриќ, Јулијан Дракслер…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

