Спорт
Бобан го победи Милан на суд, ќе добие 5,3 милиони евра отштета

Судот во Милано пресуди дека калчолигашот Милан му должи на Звонимир Бобан 5,3 милиони евра – отштета поради отказот што тој го доби од клубот во март годинава.
Хрватот го тужеше поранешниот клуб во кој работеше како спортски директор затоа што сметаше дека отказот е незаконски. До отказ дојде кога влезе во јавна расправа со газдата на клубот Иван Газидис.
Бобан јавно го прозва Газидис зашто тој не го известил дека клубот преговара за тренерската позиција со Германецот Ралф Рангник. Тој сепак не дојде во Милан (Пиоли остана на кормилото), но Бобан ја загуби позицијата.
Сега, кога судот пресуди во корист на хрватскиот фудбалер, Милан има право на жалба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дукати во Мото ГП до 2026 година

Дукати ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот најмалку до 2026 година. Претставниците на тимот, денес го потпишаа договорот со компанијата Дорна спортс.
Претходно, овој договор со Дорна спортс, го потшиа и тимот на КТМ. Се очекува стапките на Дукати и КТМ да ги следат Јамаха, Сузуки, Хонда и Априља.
Дукати се присутни во мото ГП шампионатот од 2003 година, првата победа им ја донесе Лорис Капироси на Големата награда на Каталонија, а првата титула за овој тим, во 2007 година, ја освои Кејси Стонер.
Боите на Дукати во новата сезона ќе ги бранат Џек Милер и Франческо Бањаја.
Спорт
Румениге: УЕФА размислува ЕП да се игра во една држава

УЕФА повторно е во дилема. Во европската куќа на фудбалот, како што тврди претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, сериозно ја разгледувале опцијата ЕУРО 2021 наместо во 12, да биде одржано само во една држава.
„Знам дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е многу претпазлив кога станува збор за коронавирусот, размислува дека можеби е подобро поради пандемијата, турнирот да биде организиран само во една држава, со почитување на сите можни протоколи“, изјавил Румениге за германските медиуми.
Оваа изјава на Румениге од УЕФА официјално не ја демантираа.
„Во оваа фаза немаме информации по прашањата кои ги поставивте“, изјавил портпаролот на УЕФА.
Официјално, УЕФА се уште планира ЕУРО 2021 да биде одржано во 12 држави.
Во седиштето на УЕФА, во Нион, најдоцна до 5.март, треба да решат дали натпреварите на ЕП ќе се играат со присуство на публика.
УЕФА има четири опции. Капацитетите на стадионите да бида максимално исполнети, да бидат исполнет 50 до 100 отсто од капацитетите, да се дозволи исполнетост на 20 до 30 отсто и натпреварите да се играат пред празни трибини.
Спорт
Сара Томас прва жена која ќе суди на Супербоул

Прв пат во историјата една жена ќе суди во финалето на Супербоул. Финалниот меч во американскиот фудбал (НФЛ) е еден од најголемите спортски настани во светот.
Годинава, спектаклот ќе го збогати и Сара Томас, која ќе стане првата жена, која ќе ја дели правдата во финалето.
„Нејзиното елитно судење и посветеност во досегашната работа и овозможија да стане дел од историјата и да добие шанса да суди на Супербоул. Честитки за Сара“, рекол еден од челниците на НФЛ лигата, Тори Винсент.
Оваа сезона е историска за НФЛ, бидејќи прв пат се случи на еден натпревар комплетната судиска постава да ја сочинуваат афро-американци.
Супербоулот ќе се игра во ноќта помеѓу 7. и 8.февруари.
Sarah Thomas will become the first woman ever to officiate a Super Bowl.
Another barrier broken. @brgridiron pic.twitter.com/WVUuv8Qzrq
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 19, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира