Спорт
Потсетување за Аилтон – кинеше мрежи во Германија, сега ужива крај скарата

Бразилскиот напаѓач Аилтон да Силва (47), некогаш еден од најдобрите напаѓачи во Европа, жареше и палеше своевремено во Бундеслигата, пред сè, во дресот на Вердер од Бремен. Одигра 214 меча и постигна 106 гола надополнети со 41 асистенција.
Влезе во легендите кога во 2003 година со „зелените“ ја освои титулата во Бундеслигата, а таа година заврши со 28 гола.
Играше и за Шалке, за Бешикташ, а во 2006 година потпиша за белградска Црвена звезда. За „црвено-белите“ одигра само 13 меча и даде скромни 4 гола.
Следуваше трансфер во Грасхоперс, па во второлигашот Дуизбург, а фудбалскиот пат го водеше преку Украина, Австрија, родниот Бразил, па сè до Кина. Кариерата ја заврши во германски петтолигаш во 2014, со полни 41 година.
Сега Аилтон е семеен човеч, одличен скара-мајстор, кој ужива во животот. Има жена и деца и изгледа задоволен од она што го постигна во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стомачен вирус ги покоси Хрватите пред мечот со Аргентина

Ракометната репрезентација на Хрватска, вечерва, ќе го одигра вториот меч од втората фаза на Сп во Египет. „Коцкестите“ за противник ја имаат Аргентина и со победа ќе обезбедат место во четврт-финалето.
Во првиот меч од втората фаза Хрватска убедливо и лесно го победи Бахреин, тие се големи фаворити и против Аргентина, но „РТЛ“ објави дека Лино Червар пред мечот со „гаучосите“ се соочува со непланирани проблеми.
Повеќе играчи на Хрватска имале стомачен вирус, а најсилни симптоми имае капитенот Домагој Дувњак и десниот бек Иван Мартиновиќ.
Мартиновиќ го пропуштил последниот тренинг, веднаш бил тестиран и на коронавирусот, а тестот бил негативен.
Хрватска и Аргентина својот меч ќе го започнат во 18 часот.
Спорт
„Не ни дозволија да играме, не третираа како животни“

Некои репрезентации извршиле силен притисок врз ИХФ, селекцијата на Зеленортските острови да биде исфрлена од 27 Светско првенство, тврди во интервју за „Ла Нуева кроника“, капитенот на оваа репрезентација Леандро Семедо.
Дебитантите на Мундијалите, во првото коло, одиграа одличен меч против фаворизираната Унгарија, загубија со 27:34, но пред вториот меч со Германија, имаа двајца позитивни на коронавирусот. Видејќи немаа десет играчи и еден голман, ИХФ, мечот го регистрира со службен резултат 10:0 за Германија, а пред мечот со Уругвај, Зеленортските острови беа дисквалификувани од СП.
„Не третираа како животни. Сите не гледаа како вирус во движење. Да им се случеше тоа на Германија или Шпанија, односот на ИХФ ќе беше поинаков“, рекол Семедо.
Ракометарот на Адемар Леон потоа открил неколку интересни детали од подготовиките во Португалија.
„Не знам дали на некого му се случило на подготовките да биде позитивен, потоа на следното тестирање да биде негативен и потоа по доаѓањето во Египет повторно да биде позитивен. Не сум доктор и не знам колку тестовите се веродостојни. Сметам дека многу работи не беа во ред. Знаевме дека мечот со Уругвај ни носи пласман во вториот круг, бевме подготвени да играме, да победиме, но тие ни забранија да играме. Добивме неофицијално објаснување, дека селекциите што требаа да играат против нас во втората рунда извршиле голем притисок врз ИХФ“, заклучил Семедо.
Спорт
Јокиќ ја реши драмата во Финикс, Бруклин повторно поразени од Кливленд

Финикс и Денвер го одиграа најдраматичниот натпревар изминатата новќ во НБА лигата. Денвер, предводени од Никола Јокиќ, победија во продолжението со 130:126. Српскиот центар со поените во самиот финиш му обезбеди дополнителни пет минути на својот тим.
Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 10 скока и 8 асистенции. Покрај Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени. Кај Финикс се истакна Девин Букер со 31 поен, Диандре Ејтон забележа 27 поени и 13 скокови, а ветеранот Крис Пол подели 15 асистенции и постигна 11 поени.
Бруклин Нетс во само неколку дена доживеаја нов пораз од Кливленд Кавалирс. Без Кевин Дурент, Нетс се поразени во Кливленд 113:125.
Колин Секстон постигна 25 поени, а по 19 кошеви ифрлија Диандре Драмонд и екс играчот на Бруклин Џеред Ален.
На спротивната страна се издвоија Кајри Ирвинг со 38 поени, односно Џејмс Харден со 19 поени и 11 асистенции.
Далас, во Сан Антонио, го добија дербито на Тексас со 122:117. Лука Дончиќ го предводеше Далас со 36 поени и по девет скока и асистенции.
Резултати:
Шарлот-Чикаго 110:123
Детроит-Хјустон 102:103
Индијана-Орландо 120:118
Кливленд-Бостон 125:113
Филалделфија-Бостон 122:110
Торонто-Мајами 101:81
Минесота-Атланта 98:116
Сан Антонио-Далас 117:122
ЛА Клиперс-Оклахома 120:106
Финикс-Денвер 126:130
Сакраменто-Њујорк 103:94
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот