Црна хроника
Расчистени седум тешки кражби во Гостиварско
Полицијата поднесе кривична пријава против Б. М. (18) од селото Сенце, Гостиварско, и Љ. Д. (23) од Кичево, поради извршување тешки кражби во овој регион.
„Првопријавениот се сомничи дека во текот на оваа година насилно провалил во шест куќи во селото Сенце, а Љ. Д. се сомничи дека бил инволвиран во една тешка кражба во Сенце, при што одзеле огнено оружје и други предмети и апарати. Одземеното е пронајдено кај пријавените и вратено им е на сопствениците“, информираат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓани се степале во ноќен клуб
Во СВР Охрид, утрово во 03:02 часот било пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.С. со стаклен предмет го нападнал Д.С.,двајцата од Охрид.
Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Таксист нападнат на паркинг простор во Охрид
Утрово во 03:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице физички го нападнал такси возачот С.Н.(50) од Охрид.
По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тетово: Поранешен директор осомничен за фалсификување и спорен закуп на деловен простор
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.И. (73) од село Камењане, општина Боговиње, поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според пријавата, во периодот до 2 јануари 2021 година, додека бил директор на земјоделска задруга во село Камењане, без законска основа и без одлука од членовите, било извршено незаконско бришење на основачи – акционери. Со уништување и прикривање на документација, бројот на членови бил намален од 38 на пет лица, што било спротивно на податоците во тековната состојба од Централен регистар.
Дополнително, на 3 јануари 2010 година, во својство на директор, пријавениот склучил договор за закуп на деловен простор со површина од 1.500 метри квадратни во село Камењане, кој ѝ бил доделен на земјоделската задруга на трајно користење. Договорот бил склучен со друг акционер за период од 10 години, без согласност од надлежно министерство, без одлука на Управниот одбор и без согласност од останатите задругари.
По 2021 година, просторот го користел врз основа на усмен договор, без да плаќа закупнина, при што ги подмирувал само сметководителските давачки на земјоделската задруга, во која и натаму е сопственик.

