Македонија
Заев: Сега, повеќе од кога било, треба да работиме сплотени заедно
Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска ги посети новите простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на новата владина зграда.
„Како Влада обезбедуваме заштита на сите прашања кои се однесуваат на политичкиот живот и односите меѓу заедниците почитувајќи го спроведувањето на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците и гарантирањето на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и на верскиот идентитет на заедниците.
И со таа цел денес се наоѓаме во новиот објект на Владата, каде што, меѓу другите институции, ќе биде и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое беше основано со единствена цел – на најдобар можен начин да одговори на потребите на граѓаните.
Со обезбедување на просторното решение се обезбедуваат услови за реализација на работите што се однесуваат на функционирањето на политичкиот систем, реализација на стратешките приоритети поврзани со обврските што произлегуваат од Рамковниот договор, како и обезбедување, координација и усогласување на работата на органите на државната управа за спроведување на овој договор.
Реализирајќи ги стратешката програма и рамката, јакнејќи ги институциите, Владата на Република Северна Македонија продолжува посветено да работи на општество што не прави разлика помеѓу немнозинските и мнозинските граѓани, општество на еднаквост.
Европските принципи и вредности се клучни на нашиот пат на кој веќе се наоѓаме и кои значат обединување и почитување на индивидуалните и колективните идентитети, грижа за различностите и ранливите граѓани, почитување на мултикултуралноста и интеркултурниот дијалог.
Сега, повеќе од кога било, треба да работиме сплотени заедно за да си ја направиме земјата подобро место за живеење.
Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство, да се посветиме на градењето европски стандарди дома. Тие стандарди значат одговорност и отчетност пред граѓаните во борбата за едно општество за сите. Значат бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот за да се обезбеди достоинствена живејачка тука во нашата татковина. Тоа е во мандатот на сите министри и заменик-претседатели на Владата, тоа е во мандатот на целата Влада, верувам дека заедно ќе се движиме кон таа цел“, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

