Македонија
Партерното уредување на кејовите во општина Могила

Со партерното уредување во насока на збогатување на туристичката понуда во општина Могила и Пелагонискиот Регион, како и регулирање на коритото на реката Црна, односно нејзината притока Шемница, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа ги завршивме проектните активности во општината во насока на подобрување на условите за живеење и за развој на руралниот туризам, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
„Во општина Могила сме сведоци на уредување на кејот со кој се подобруваат условите за живеење на овие жители и добиваат една нова содржина што може да ја користат за пешачење и рекреација, што е многу важно во овие услови на Ковид-19. Се надевам дека Општината и оваа година ќе предложи до нас суштински проекти. Апелирам да им помогаме што повеќе на нашите општини бидејќи и тие се соочуваат со економска криза и секоја помош е добредојдена, независно дали од меѓународните донатори, но се разбира и од средствата од разните институции на државно ниво“, рече министерот за локална самоуправа.
Носител на проектот во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година е Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион, а вкупната вредност на проектот изнесува 3.800.000 денари.
„Овој проект во континуитет се гради од 2015 година, меѓутоа во 2020 година, конечно, почнува да се уредува и кејот на реката Шемница. Средствата се аплицирани преку Пелагонискиот Плански Регион, а добиени преку Бирото за регионален развој и се инвестира во пешачка, бекатон-патека од 1.100 метри со тринаесет канделабри и дванаесет клупи за седење. Конечно, во Могила се доби еден урбан простор за рекреација наменет за сите групи на граѓани“, изјави градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.