Црна хроника
Управник подигал пари од државата за работник што бил починат
Управник на фирма од Кочани три години подигал средства од Агенцијата за вработување по основ на вработување на невработено инвалидно лице, иако лицето претходно починало.
Како што соопшти полицијата, кривична пријава е поднесена против Ѓ.С.(52) од Кочани, управител и сопственик на ТДВИЛ „Мултиграф“ ЈТД-Кочани, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, по претходно поднесени барања во 2008 година од друштвото до Агенцијата за вработување за доделување на неповратни средства од посебниот фонд по основ на вработување на невработено инвалидно лице и набавка на опрема.
Во меѓувреме во текот на 2009 година, лицето за кое поднел барање починало, а за настанатата промена не ја известил Агенцијата за вработување, туку истото го водел во евиденцијата како се уште да е во работен однос, со што пресметувал плата и придонеси до мај 2012 година кога го одјавил во Агенцијата за вработување. На овој начин пријавениот овозможил друштвото да се стекне со противправна имотна корист од 853.700 денари за кој износ ја оштетил агенцијата за вработување. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

