Европа
Русија: НАТО ја притиска Украина да се откаже од неблоковскиот статус

Русија соопшти дека Украина се откажала од политиката на неблоковски статус под притисок НАТО, додавајќи дека тој потег кој претходно седмицава го одобри украинскиот парламент, ќе ја направи уште повеќе комплицирана сегашната сложена ситуација.
„Одлуката на украинскиот парламент да се откаже од статусот на неприпаѓање на воен блок само ќе ја закомпликува веќе сега тешката ситуација. Земјите од НАТО го притиснаа Киев да усвои контрапродуктивна одлука, обидувајќи се ја свртат Украина против Русија“, изјави заменикот на министерот за одбрана на Руската Федерација, Анатолиј Антонов за руската агенција Интерфакс.
Украинскиот парламент, Руската Рада, гласаше во вторникот за откажување од политиката на неврзаност, за што гласаа 303 пратеници, 77 повеќе отколку што е потребно да се донесе ваквиот закон, со што како што се надеваат во Киев, и покрај предупредувањата од Брисел, е отворен патот за членство на Украина во НАТО. Всушност пратениците го поддржаа предлог законот на претседателот Петро Порошенко со кој се формализира откажувањето на земјата од спроведување на политикат ана неврзаност.
„Агресијата на Руската Федерација врз Украина, нејзината незаконска анексија на Автономната Република Крим, водењето на ткн ’хибридна војна’, воената интервенција во источните региони на Украина, постојаниот воен, политички, економски и информацискиот притисок Русија бараат ефикасни гаранции за независноста, суверенитетот, безбедноста и територијалната целост на Украина“, се наведува во појаснувањето на законот.
Во согласност со усвоените дополнувања и измени, во законот за основните на внатрешната и надворешна политика се внесува одредбата се за продлабочување соработка со НАТО „за да се исполнат критериумите потребни за членство во таа организација“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин