Македонија
Во Македонија 100 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица
Во последните 24 часа се потврдени 100 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 пациенти, а оздравеа 551 пациент, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 764 тестирања. Во Скопје се потврдени 47 нови случаи, Куманово – 3, Дебар – 12, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 10, Велес – 3, Охрид – 4, Кавадарци – 8, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 2, Кичево – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје – 314, Куманово – 10, Штип – 14, Прилеп – 27, Тетово – 16, Струга – 8, Велес – 16, Битола – 26, Охрид – 16, Кавадарци – 13, Гостивар – 13, Гевгелија – 12, Струмица – 12, Крива Паланка – 3, Крушево – 11, Кочани – 9, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 2, Пехчево – 3, Берово – 3, Валандово – 3, Делчево – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 5, Ресен – 7 и Неготино – 3.
Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67 г), еден од Тетово (68 г), еден од Гостивар (78 г), еден од Крива Паланка (84 г), еден пациент од Кочани (41 г), еден од Демир Хисар (72 г), еден од Македонски Брод (78 г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60 г). Од нив еден пациент е починат надвор од, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242.
Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

