Спорт
Нов малер за Јовиќ – Зидан му дава шанса, Србинот пак се повреди!

Српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ уште еднаш докажа каков малер е кога се работи за неговите настапи во дресот на Реал Мадрид.
Фудбалерите на Зидан отпатуваа за Памплона каде вечерва ги чека гостување кај Осасуна, а Јовиќ беше планиран во почетниот состав за тој меч.
Сепак, како што пренесуваат шпанските медиуми, тој го повредил мускулот, па нема да е во комбинација за настап.
Продолжува неговата сага во Мадрид, а со отворањето на преодниот рок повторно се вратија приказните за негов трансфер.
Jović, baja de última hora por una sobrecarga en la pierna izquierda.#RealMadrid.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 8, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ до Мунар: Извини што чекаш, морав да ја избришам повраќаницата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше големи физички и задравствени проблеми во осминафиналниот натпревар во Шангај против Хауме Мунар.
Листот на левата нога го мачеше Ѓоковиќ во текот на целиот меч, а дополнителен проблем му правеше високата влажност во воздухот.
Новак повраќаше неколку пати и во претходниот дуел, а го стори тоа и во дуелот со Мунар.
За ова му се извини на својот ривал.
„Извини што чекаше, морав да ја исчистам повраќаницата“, рече Ѓоковиќ, откако го избриша бетонот.
„Не грижи се, амиго, не брзај“, му одговори Мунар.
На крајот, Новак победи со резултат 6:3, 5:7, 6:2 и во следната рунда ќе игра против 26-годишниот Белгиец, Зизу Бергс.
Foto/ EPA
Djokovic: "Sorry to hold you up, man, I gotta clean up my own barf"
Munar: "No problem, amigo, Take your time."That's where we are. pic.twitter.com/1wmvr8ZIjx
— Stephanie Myles (@OpenCourt) October 7, 2025
Спорт
Шок во Бразил, младата репрезентација не успеа да ја мине групата на СП

Светското првенство за играчи до 20 години моментално се игра во Чиле, а веќе во групите се случи првата голема сензација. Бразил го заврши учеството по три кола и за прв пат во историјата доживеа елиминација во групата. Во оваа возрасна категорија Бразилците се петкратни шампиони.
Бразилците го отворија турнирот со нерешен резултат 2:2 со Мексико, а потоа загубија од Мароко со 1:2. Во третото коло против Шпанија им беше потребна победа за да се пласираат во осминафиналето, но беа поразени со 0:1 и го завршија турнирот со еден бод.
„Сите сме многу тажни и разочарани. Ова е мое шесто натпреварување на чело на националниот тим и прв пат сме елиминирани во групната фаза. Ова е тежок удар, не го очекувавме ова. Навивачите се разочарани, ќе има критики и мора да бидеме подготвени за сè“, рече селекторот Рамон Менезес, кој веднаш доби отказ од челниците на Фудбалскиот сојуз на Бразил.
Реакциите на медиумите и јавноста во Бразил беа исклучително негативни. Испаѓањето беше опишано како историски неуспех и како знак за подлабоки проблеми во фудбалот во земјата.
Се споменуваат и претходни неуспеси, вклучувајќи го пропуштањето на Олимписките игри во Париз и испаѓањето на помладите селекции на светските првенства во категориите до 17 и до 20 години во текот на 2023 година.
Спорт
Ѓоковиќ „во пеколот“ на Шангај го победи Мунар

Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Хауме Мунар во осминафиналето на Мастерсот во Шангај. Два часа и 41 минута му беа потребни на Ѓоковиќ да слави со 6:3, 5:7, 6:2.
Публиката во Шангај, која бурно го поддржува 38-годишникот од Белград, во осминафиналето, можеше да види неколку негови „лица“.
Започна Ѓоковиќ фуриозно, со брејк во четвртиот гем, но тука и започнаа неговите проблеми. Србунот во третиот се пожали дека има проблем со дишењето, а во четвртиот побара помош од физиотарапевтот, поради болка во листот на левата нога.

И покрај проблемите Ѓоковиќ рутински го освои сетот. Сервисот и форхендот беспрекорно функционираа, па и Мунар немаше никаков одговор.
Во вториот сет започна падот на Ѓоковиќ. Тешко дишеше, ферхнедот престана да го „слуша“ истото како и сервисот. Мунар играше агресивно, констатно го притискаше противникот. Не искористи брејк топка во седмиот гем, но ја искорисити втората брејк и сет топка во 12-от гем.
Се чинеше дека Новак е целосно надвор од ритам, како да му недостасува рамнотежа и сила, едвај одржувајќи стабилност во поените. Сепак, во првиот гем од решавачкиот сет, при резултат 40:15 за Мунар, се одигра поенот кој целосно го сврте моментумот.
На навидум рутински поен, Мунар промаши смеч кој ќе завршеше во поле во речиси секоја друга ситуација. Тоа промашување отвори простор за пресврт: Новак ја презеде иницијативата со два фантастични ритерно и направи брејк.
Ѓоковиќ знаеше да го искористи подарокот, без да загуби поен го освои својот сервис гем. Од тој момент се врати неговата стабилност во сервисот, лесно ги освојуваше своите сервис гемови, а кога направи уште еден брејк, во седмиот гем, беше јасно дека ќе победи.
Во четвртфиналето, за прв пат во својата кариера, Србинот ќе се соочи со 26-годишниот Белгиец Зизи Бергс, кој по голема борба и пресврт го победи Канаѓанецот Дијало со 3:6, 7:5, 7:6 (10:8).