Црна хроника
Сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, тројца повредени
Тројца луѓе се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, помеѓу две возила.
Едното возило „опел корса“ било управувано од Н.С.(31) од село Марино, Скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37) од Крива Паланка, а другото возило „шевролет спарк“ управувано од Б.М. (24) од Куманово.
По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фрлил кеса и се обидел да побегне: полицијата приведе малолетник и 27-годишен маж
На 10 декември 2025 година, околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево привеле 16-годишник и А.М. (27), двајцата од Македонска Каменица.
При службени дејствија, полицијата ги затекнала на место викано „Горен водопад“ на реката Каменичка, каде што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен. На местото биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, дигитална вага и дробилка.
Подоцна, со судска наредба и во присуство на неговиот татко, извршен бил претрес во домот на малолетникот, при што доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.
За случајот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Повреден маж во пожар во куќа во Шуто Оризари
На 11 декември 2025 година, околу 05:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари настанал пожар во куќа сопственост на Д.Р. (31) од Скопје.
Сопственикот се повредил при излегување од објектот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид.
Црна хроника
Млад мопедист повреден кога излетал од патoт кај Дојран, му биле измерени 1,60 промил алкохол
На 11 декември 2025 година, околу 01:20 часот, во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Стар Дојран – Нов Дојран, на место викано „Калдрма“, мопедист излетал од коловозот.
Д.Б. (22) од Нов Дојран, управувајќи мопед „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, при што се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Гевгелија.
По преземените мерки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол – измерени биле 1,60 промили алкохол во крвта.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

