Црна хроника
Двајца се карале – трет го изел котекот
Еден жител на Согле и тројца на Бузалково нападнале сопственик на кафeана. Двајца се карале а Т.И го изел котекот
Кај велешанецот Т.И лекарите од велешката болница констатирале тешки телесни повреди откако пред кафeаната „Боем” бил физички нападнат од четири лица.Настанот се случил неодамна кога деветнаесет годишниот И.Ш. од Согле додека седел во кафeаната започнал расправија, во која имало и туркање, со газдата на споменатиот угостителски објект по што Т.И. како трето лице ги раздвоил. Но откако работите се смириле И.Ш повикал тројца другари од Бузалково и кога велешанецот излегол од кафeаната сите четворица физички го нападнале.Тепачката е пријавена во полицијата, по што е направен увид на лице место, а против сите четири лица е поднесена кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда.На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес во последните седум дена регистрирани се пет нарушувања на јавниот ред и мир од кои еден случај карање и викање на висок тон, еден случај нарушен јавен ред и мир со омаловажување на службено лице-полициски службеник и три случаја со учество во тепачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција
Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце.

При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната И.Д.(34) од Сојузна Република Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој.

Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: МВР
Топ
Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23.45 часот од страна на А. М., водител на емисија на порталот „Инфомакс“, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на улицата Востаничка во Скопје, машко лице влегло во редакцијата додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник С. Ј., а биле присутни и водителот М. Н. и камерман.
Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриската болница во Бардовци.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г. С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина бргу и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет
Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини.
По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: МВР

