Економија
Бислимоски: РКЕ не носи одлука за крајна цена на водата, само предлага минимална и максимална цена
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека не носи одлука за крајна тарифа за цената на водата, туку определува минимална и максимална просечна тарифа во рамки на која советот на општината на предлог на комуналните претпријатија носи одлука за висината на тарифата за граѓаните.
„РКЕ во моментот има ограничена надлежност во однос на крајната тарифата на цената на водата на пиење. Според законските можности, РКЕ само предлага минимална и максимална тарифа за три години, а понатаму Јавните комунални претпријатија одбираат дали ќе прифатат една од тарифите или нема да прифатат ни еден предлог. Минималната тарифа обезбедува основно функционирање на јавното комунално претпријатие без ниедна инвестиција, додека во формирањето на останатите се вкалкулирани неопходните инвестиции за следната година. Во изминатите години сведоци сме дека општините најчесто се определуваат за минимална просечна тарифа, која не обезбедува инвестиции па се соочуваме со дефекти во водоводната мрежа. Поради оваа пракса, РКЕ бара во целост да ја преземе надлежноста за формирање на тарифата за вода“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Во однос на одлуката за просечната тарифа на општина Штип, од РКЕ информираат дека со утврдената минимална тарифа овозможуваат ЈКП „Исар“ да ја задржи истата цена како 2020 година.
„Во нашата одлука максималната цена е пониска од цената којашто ја побарале од ЈКП ‘Исар’. За домаќинства ЈКП ‘Исар’ побарале 46,68 денари, а минимална според нас може да биде иста како и сегашната, а максималната 46,39 денари. Дополнително ЈКП ‘Исар’ побараа зголемување на цената на отпадните води, но Регулаторна комисија предложи да се намали“, посочува Бислимоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

