Спорт
Рафија со првиот гол го спаси Јувентус против Џенова

Јувентус пропушти 2:0 водство во регуларните 90 минути, па мораше да смета на Кристијано Роналдо и на првиот гол во дресот на „бјанконерите“ на младиот Тунижанец Хамза Рафија за да се пласира во четврт-финалето на Копа Италија со тешка 3:2 победа над Џенова по 120 минути игра.
Дејан Кулушевски блесна на стартот на мечот, откако прво уште во втората минута даде гол, за во 23. минута да му асистира на Алваро Мората за 2:0. Меѓутоа, младиот Ленарт-Мартен Цибора во 28. минута намали на 2:1, пред Филипо Мелегони во 74. минута со убав гол да израмни на 2:2.
Ова го примора Андреа Пирло во игра да го внесе и Кристијано Роналдо во 88. минута од мечот, а претходно во игра влезе и 21-годишниот Рафија. Токму тие двајца беа клучни во акцијата за победничкиот гол во 104. минута од мечот.
Јувентус во четврт-финалето ќе игра со подобриот од дуелот Сасуоло-СПАЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси го кани Модриќ во Интер Мајами

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ на крајот на сезоната би можел да се пресели во Интер Мајами. Покана добил од најголемата ѕвезда на Интер, Лионел Меси.
Клубот кој е во косопственост на Дејвид Бекам, во последните години е заинтересиран за Модриќ, а сега во приказната се вклучи и Меси, кој наводно го убедува Хрватот да се пресели во Мајами.
Модриќ, најверојатно следната сезона нема да биде дел од Реал Мадрид, а Хрватот сака да има клуб во кој ќе игра, со цел да биде подготвен за претстојниот Мундијал, кој ќе биде последен во неговата кариера, со оглед на тоа што следната година ќе наполни 40 години.
Интер Мајами сака да го ангажира Хрватот во пресрет на Светското клупско првенство кое годинава се игра во Америка. Доколку трансферот се случи, Модриќ ќе им се приклучи на поранешните големи ривали од Барселона, Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џорди Алба.
Спорт
Хау повторно ќе го води Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.
Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.
Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.
Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.
На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.
Спорт
(Видео) Анчелоти збесна по потегот на Ендик: Ова не е циркуз

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона.
На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута.
Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра.
Во 56. минута кога се најде сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, наместо да шутира, се обиде со лоб удар, но лошо го изведе и практично му ја додаде топката на голманот. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и брзо го извади од игра.
На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ја коментираше ситуацијата:
„Ендрик не треба да прави такви работи. Тој е млад и треба да учи, но тоа не постои во фудбалот. Кога ќе се најдете сами пред голманот, треба да шутирате што посилно. Ова не е циркуски клуб“.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025