Македонија
(Видео) Арсовски: Oд МВР се виновни што секој бандит со пиштол пука кај ќе стигне

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под носот или е закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и со себе носи пиштол, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во врска со денешниот инцидент во центарот на Скопје, пред поранешната Градска болница, а претходно и во селото Батинци.
„Откако дојде СДСМ на власт, изминативе години гледаме само филмски пукотници во центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол со себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје“, истакна партискиот портпарол.
Според него, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни биле информациите за денешниот настан.
„Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата за потоа експресно МВР и директорот од СДСМ на болницата да демантираат дека немало никакво пукање пред Градската болница, а за што сепак сведочат и автомобилот и пиштолот, кои се најдени на паркингот“, нагласи Арсовски.
Партискиот портпарол порача – дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните, останува нејасно, но дека тоа можеби укажува оти се работи за лица блиски до структурите на власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.