Спорт
Утре ќе се оддржи „најтешкиот“ боксерски меч во историјата – „Планината“ Тор против Стивен Ворд

Човекот кој крена 501 килограм откако стана славен како „Планината“ во „Игра на тронови“, исландскиот „силен човек“ Хафтор Бјорнсон ќе го има своето боксерско деби во сабота, и тоа против искусниот професионалец Стивен Ворд, кој ќе тежи 60 килограми помалку од него.
Со фантастични 156 килограми, Исланѓанецот ќе влезе во рингот во „Конрад“ во Дубаи против поранешниот шампион во средно-тешка категорија, кој е 58 килограми полесен од него (98 кг). Ова треба да биде прва подготовка за Бјорнсон во боксерскиот ринг пред најавениот мега-меч со стариот ривал Еди Хол во септември следната година.
„Беше фантастично да се фокусираш на боксот. Да му дадам на телото пауза од тежината. Бев блиску до 200 килограми речиси цела деценија и тоа не е здраво за твоето тело на долги патеки, затоа решив да влезам во нов предизвик“, вели Бјорнсон.
Досега, најтежок боксер кој имал професионален меч е рускиот „ѕвер“ Николај Валуев, кој во 2009 година пред последниот меч тежеше 149 килограми.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Флуминензе и Борусија одиграа без голови на клупскиот Мундијал

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Флуминензе одираа натпревар без голови на Светското клупско првенство во САД.
Дерби натпреварот од првото коло од Групата Ф на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси заврши со најнепопуларниот резултат, 0:0. Секогаш е интересно и неизвесно кога се натпреваруваат Германците и Бразилците, но овој пат играчите на им двата тима останаа должни на фудбалските фанови.
И за овој натпревар немаше голем интерес кај навивачите, на стадионот со капацитет од малку повеќе од 80.000 седишта, имаше точно 29.755 гледачи.
Фудбалерите на Флуминензе, шампионот на Јужна Америка од 2023 година, беа нешто поопасни, особено во второто полувреме кога голманот на Борусија, Грегор Кобел, се истакна во неколку ситуации. Особено во 70-та минута кога Евералдо имаше добра шанса.
Капитен на тимот од Рио де Жанеиро беше легендарниот бразилски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Милан, Пари Сен Жермен и Челзи, 40-годишниот Тијаго Силва.
19-годишниот Џоуб, помладиот брат на англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам, дебитираше за тимот на Нике Ковач. Тој пристигна од Сандерленд за околу 30 милиони евра. Влезе во игра во 59-та минута наместо Паскал Грос.
Јужнокорејскиот Улсан ХД и Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка играат во истата група вечерва на полноќ.
Во второто коло на 21 јуни ќе играат Мамелоди Сандаунс – Борусија Дортмунд (18.00) и Флуминенсе – Улсан ХД (24.00).
Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0