Црна хроника
Три тона марихуана запленети во белгиски Антверпен

Белгиските царински служби заплениле три тона марихуана во пристаништето во градот Антверпен.
Царинските службеници во белгискиот пристанишен град Антверпен заплениле околу три тона марихуана при рутинска инспекција на еден од пристигнатите бродови, објавија локалните медиуми во петокот.
Бродот, во чија внатрешност била откриена дрогата, допловил во Антверпен од Пакистан преку Оман. Канабисот бил скриен во кутии со пакување за салфетки.
Дрогата била откриена минатата сабота, меѓутоа информацијата е потврдена дури денеска. Белгиската полиција само потврдила дека истрагата за овој обид за транспорт на големо количество марихуана очигледно наменето за западноевропскиот пазар, е во тек./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Црна хроника
Кумановка (18) удри во бетонска жардиниера со мопед, пренесена во болница

Осумнаесетгодишната кумановка А. Н., управувајќи мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
Во несреќата добила тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид.