Спорт
Дренте покажа дека има големо срце

Иако можеби пропушти да направи голема фудбалска кариера, банкротираше и направи многу сомнителни избори во својот живот, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ројстон Дренте овојпат ја покажа и својата најдобра страна.
33-годишниот Холанѓанец, кој неодамна потпиша за шпанскиот третолигаш Расинг Мурсија каде што веднаш беше на критиките поради вишокот килограми, тој покажа дека знае да прави добри дела. Дренте објасни дека видел бездомник во супермаркет кој немал доволно пари да си купи храна, а откако му понудил пари, вработените во супермаркетот го одбиле тоа, за на крај тој да му купи јадење.
„Ништо пријателу, ова е за тебе. Го купив и не сакам ништо назад, нема потреба. Дали си за Мурсија?“, вели Дренте во видеото.
Подоцна тој објасни дека човекот во себе имал само 20 центи, па тој решил да му помогне.
?? Lección de humanidad de Drenthe con un sintecho a la puerta de un supermercado en Murcia pic.twitter.com/dTdlgXU1d8
— MARCA (@marca) January 17, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ добил Златната виза, со семејството ќе живее во Атина

Грците со гордост објавуваат дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во оваа земја со своето семејство и ќе започне ново поглавје во својот живот.
Грчката веб-страница „Glow.gr“ подготви голем текст за Новак Ѓоковиќ, објаснувајќи ја позадината на неговата одлука да ја направи Атина своја нова база.
„Неговата одлука не дојде туку така, туку е последица на неговата врска со Грција, која се зајакна со текот на годините.“
Заедно со неговата сопруга Јелена, тој ја посети Грција неколку пати, со семејни одмори на Крит и Миконос и направи поклонение на Света Гора, која има големо духовно значење за него. Од 2024 година започнаа неговите официјални контакти со грчката влада со цел да добие Златна виза. Семејството Ѓоковиќ бара идеален дом за своите деца, а акцентот е ставен на мирно, безбедно соседство кое е поврзано со природата.
Љубовта на Новак кон Грција не е ограничена само на културата и природата. Тој постојано нагласуваше дека бил трогнат од топлината на луѓето, рамнотежата помеѓу традицијата и модерноста, духовноста на православието и неговата поврзаност со монасите на Света Гора.
Постојат и практични причини: Атина е блиску до повеќето градови каде што се одржуваат турнирите, има одлична медицинска и образовна инфраструктура, а се развива и во деловен поглед.“
Во заклучокот на текстот се наведува дека Ѓоковиќ е една од највлијателните личности во светот на спортот.
Спорт
Лукас Нмеча е првото засилување на Лидс

Повратникот во Премиер лигата на Англија, Лидс го обезбеди потписот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча, кој со тоа ќе стане првото засилување на клубот за следната сезона.
Нмеча се враќа во англискиот фудбал, бидејќи ја започна својата кариера во Манчестер сити, за кого одигра само два првенствени натпревари, а по бројните позајмици се пресели во Волфбург, каде што ги помина претходните четири сезони.
Нмеча е член на германската репрезентација, а во Лидс доаѓа како слободен играч.
Тој со клубот од Јоркшир потпиша две годишен договор.
Спорт
Полонара се бори со леукемија

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара е болен со леукемија, објави неговиот клуб Виртус од Болоња.
Пред две години, Полонара беше опериран за отстранување на тумор на тестисите од кој се опорави, но сега го очекува уште една животна битка.
Му беше дијагностицирана миелоидна леукемија, што значи малигна болест на коскената срцевина.
„Ајде Аки, со тебе сме, те чекаме“, е пораката на неговиот клуб, чие соопштение го преведуваме во целост.
„Виртус ја информира јавноста дека Акиле Полонара во текот на изминатите недели поминал на специјалистички медицински прегледи, по што му е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Полонара моментално е хоспитализиран во болницата „Св. Орсоло Малпиги“ во Болоња, каде што започнал со специфични терапии. Целото семејство Виртус е со Акиле и неговите најблиски и му посакува брзо закрепнување. Ајде Аки, сите сме со тебе и те чекаме“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот.