Спорт
Несторовски не придонесе за бодот за Удинезе против Аталанта

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резерви на денешниот меч меѓу Удинезе и Аталанта што заврши со поделба на бодовите, 1-1.
Тимот од Удине поведе со 1-0 по само 24 секунди игра на мечот. Стрелец беше Рикардо Переира.
Сепак, фаворитот на овој дуел, тимот на Аталанта во 44 минута со голот на Муриел, по додавањето на Песина го израмни резултатот на 1-1.
Ова беше осми меч за „црно-белите“ на кој не доаѓаат до победата. Затоа Удинезе сега е на 15-тата позиција со 17 бода на 18 меча во Серија А.
Аталанта, пак, останува шестопласирана со 33 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Роналдо ќе добие вистинско богатство со новиот договор

Кристијано Роналдо е на прагот да потпише нов договор со Ал-Наср, а медиумите открија дека Потугалецот ќе добие нестварна годишна плата.
Роналдо во јануари 2023 година потпиша за тимот на Ал-Насра и стана најплатениот играч во историјата на овој спорт. Досега не беа познати деталите од договорот понуден на Португалецот, а сега се знае и тоа.
На годишно ниво, Кристијано би заработувал над 171 милион фунти, што е околу 3,3 милиони фунти неделно.
🤯 Cristiano Ronaldo's rumoured new contract with Al-Nassr:
💰 Yearly: £171,500,000
💰 Monthly: £14,289,000
💰 Weekly: £3,298,000
💰 Daily: £471,000
💰 Hourly: £19,600
💰 Per minute: £327
💰 Per second: £5.45This is GOAT level money. 🤑🤑 pic.twitter.com/0OGeJ1VqYj
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 22, 2025
Спорт
Болдвин го реши Париз, Ернангомез со личен рекорд му пресуди на Ефес

Фенербахче и Панатинаикос со победи го отворија плеј-офот во Евролигата. Во драматични натпревари, Фенербахче го победи Париз со 83:78, а ПАО славеше победа над Ефес 87:73.
Избраниците на Тиаго Сплитер, Истанбул беа во мечот до последните секунди, но не успеаја да се одбраната од Вејд Болдвин.
Тајсон Вард со 19 поени (7/11 од поле, 3/7 за тројки) и пет скока го предводеше Париз, Надир Хифи постигна 21 поен,, Ти Џеј Шортс забележа 17 поени и седум асистенции.
Фенер имаше четворица „двоцифрени“ играчи – Болдвин даде 15, Најџел Хејс-Дејвис 14, Хол 13, Ерик Мекколум и Тарик Биберовиќ по 11 и Бонзи Кулсон 10.
ПАО успеа да ја прежеивее лошата партија на МВП на сезоната, Кендрик Нан погоди само четири пати од 15 обиди. Ефес блескаше три четвртини, неколку пати имаше предност од 12 поени, но играта на турскиот тим се распадна во последниот период во кој постигнаа само 11 поени.
На крајот преусди тројката на Грент на 30 секунди до крајот.
Хуанчо Ернангомес со рекорд во кариерата, 20 поени и 16 скокови и индекс на корисност 40 го предводеше ПАО. Кај Ефес Ларкин и Поарие постигнаа по 17 поени.
Спорт
Реал без Мбапе против Хетафе, под знак прашалнике е и за финалето на Купот

Првотимецот на Реал, Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот против Хетафе поради повреда на скочниот зглоб на десната нога и е неизвесен за саботното финале од Купот на Кралот против Барселона.
„Се уште чувствува болка и нема да може да му помогне на тимот. Тој се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и оттогаш прима терапија. Прави се за да биде на располагање во сабота”, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на прес-конференција.
Во меѓувреме, Реал беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите, од Арсенал. Мадриѓаните во Ла Лига заостануваат зад лидерот Барселона на четири бода, па најголема шанса за освојување на трофеј им е Купот. Финалето во Купот на програмата е в сабота од 22 часот, на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја.
Мбапе не играше против Атлетик Билбао во неделата поради суспензија.