Спорт
Личниот тренер на Манџукиќ: Со ваков играч не сум работел досега!

Лука Милановиќ, личниот фитнес тренер на новото засилување на Милан, Марио Манџукиќ во разговор за италијански „Tuttosport“ открива во каква форма се наоѓа хрватскиот интернационалец.
За потсетување, популарниот Манџо последниот меч го одигра во март минатата година, а со оглед дека има 34 години „росонерите“ се загрижени каква е неговата форма и кога тој ќе биде подготвен за тренинг и натпревар во полна форма.
„Марио ме повика пред 5 месеци. Оттогаш интензивно работиме. Тоа што го познавам ми помогна да направам успешна програма која е прилагодена за него. Секој ден работиме на издржливоста со персонализирани вежби, но работевме и вежби со топка. Благодарение на неговата одлучност, се е полесно. Силата и кондицијата се уште му се на високо ниво, подготвен е да тренира со тимот“ изјави Милановиќ.
Фитнес-тренерот смета дека малку ќе му треба да се вклопи во целината.
„Работам со спортисти веќе 20 години и ваков играч немам видено. Тој е сигурно во топ 3 играчи со кои сум работел. За 2-3 недели ќе е 100% подготвен за настап“ – рече тој.
Инаку, Манџукиќ се врати во Серија А откако пред повеќе од 1 година го напушти Јувентус и потпиша за катарски Ал-Духаил. Таму не се снајде, па набрзо стана слободен играч.
Пред Јуве, има настапувано за Атлетико (М), Баерн (М) и Волфсбург, а сега ќе е опција во нападот на Милан предводен од Златан Ибрахимовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алекс Попирин со прва АТП титула во Сингапур

Австралискиот тенисер Алексеј Попирин ја комплетираше неделата од соништата, враќајќи се од сет негатива за 4:6/6:0/6:2 победа над Александер Бублик за да ја освои својата прва АТП титула на Сингапур опен.
21-годишниот Попирин беше доминантен на сервис за да го победи четвртиот носител за 84 минути, губејќи само шест поени на свој сервис, и освојувајќи седум гема во низа без загубен поен на свој сервис од 3:5 во првиот сет. Пред оваа недела, најголем успех на Попирин беше четврт-финале на АТП турнир.
„Многу работа, многу пожртвуваност за да се стигне до овој момент за мене, моето семејство и мојот тим. Горд сум што конечно успеав“, изјави Попирин.
Казахстанецот Бублик исто така одеше на прва АТП титула во своето второ финале во 2021, откако мораше да се повлече од финалето во Анталија, а покрај тоа загуби и во финалињата во Њупорт и Ченгду во 2019 година.
Спорт
Најубавиот гол во 2021 го даде англиски петтолигаш!

Елисах Сем е креатор на еден од најневеројатните голови во историјата на фудбалот, откако со два гола помогна неговиот клуб, англискиот петтолигаш Нотс каунти да стигне до 3:1 победа над Оксфорд сити во ФА Вејс натпреварувањето.
Во 73. минута, 23-годишниот белгискиот напаѓач, кој дојде во клубот минатата година го постигна својот втор гол на мечот, откако со неверојатна петица го лобуваше голманот. Нешто што не се гледа често, посебно во ниските лиги, дефинитивно!
Ако не биде вклучен во изборот за најубав гол на ФИФА, „Пушкаш наградата“ ќе биде неправда.
Buckle in for one of the most RIDICULOUS goals you'll ever see! 🤯 pic.twitter.com/kmmMj5tlb8
— Notts County FC (@Official_NCFC) February 27, 2021
Спорт
Тотална доминација – Канело го „здроби“ Јилдирим во три рунди

Мексиканската боксерска ѕвезда, Саул „Канело“ Алварез со стил ги одбрани двете титули во супер-средна категорија, „демонтирајќи“ го турскиот предизвикувач Авни Јилдирим во три рунди.
Канело (55-2-1, 37 КО), ги одбрани ВБЦ и ВБА титулите во оваа категорија, откако Јилдирим падна во третата рунда, а од неговиот агол го фрлија пешкирот и побараа прекин на мечот. Иако Јилдирим беше задолжителен предивикувач, тој немаше меч речиси две години и успеа да упати еден удар во првата рудна во споредба со 16 на Канело и немаше одговор за агресивниот Мексиканец.
„Сакав голем меч и го направив тоа што ми беше потребно. Ми требаше нокаут и не е важно дали противникот е повисок, со подолги раце или со подобар тренер“, изјави Алварез.
И покрај поразот, Јилдирим, кој е ѕвезда во својата татковина, заработи одлични 2.5 милиони долари, додека заработувачката на Канело е неколку десетини милиони, што покажува дека боксот уште ја има предноста пред УФЦ и другите ММА борби кога се зборува за парите кои ги добиваат фајтерите.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер