Спорт
Несторовски не придонесе за бодот за Удинезе против Аталанта

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резерви на денешниот меч меѓу Удинезе и Аталанта што заврши со поделба на бодовите, 1-1.
Тимот од Удине поведе со 1-0 по само 24 секунди игра на мечот. Стрелец беше Рикардо Переира.
Сепак, фаворитот на овој дуел, тимот на Аталанта во 44 минута со голот на Муриел, по додавањето на Песина го израмни резултатот на 1-1.
Ова беше осми меч за „црно-белите“ на кој не доаѓаат до победата. Затоа Удинезе сега е на 15-тата позиција со 17 бода на 18 меча во Серија А.
Аталанта, пак, останува шестопласирана со 33 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Британците сакаат да го организираат СП во 2030 година

Британскиот премиер Борис Џонсон, ја поддржал потенцијалната заедничка кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска за организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
Кандидатурите за организација на СП во 2030 година ќе можат да се поднесат наредната година. Британците веќе започнале да ги разгледуваат сите опции и заедничката кандидатура.
„Заинтересирани сме за можноста во 2023 година фудбалот да го вратиме дома, мислам дека тоа е исправно. Овде е домот на фудбалот, мислам дека тоа би било фантастична вест за целата земја“, рекол премиерот на владата на Велика Бротанија, Борис Џонсон.
Владата кандидатурата на Велика Британија ќе ја подржи со 2,8 милиони фунти, соопшти Фудбалската асоцијација.
Англија во 1966 година го организираше Светското првенство во фудбал, кога и ја освои единствената титула.
Инаку, СП во 2022 година ќе се одржи во Катар, а четири години подоцна домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.
Спорт
Историски трипл-дабл на Џејмс Харден

Бруклин Нетс, по пауза од 19 години, еден месец и еден ден, победија во Сан Антонио. Нетс, по дополнителните пет минути, ги совладаа Спарси со 124:113.
Џејмс Харден одигра брилијантен натпревар, забележа трипл-дабл од 30 поени, 14 скокови и 15 асистенции. „Брадата“ е првиот играч во историјата кој забележал трипл-дабл од најмалку 30 поени, 10 скока и 15 асистенции, без загубена топка.
Покрај Харден кај Нетс се истакнаа Кајри Ирвинг со 27 и Брус Браун со 23 поени. Кевин Дурент не играше поради повреда.
Најдобри во редовите на Сан Антонио беа Демар Дерозан со 22 поени и 11 асистенции и Дежонте Мареј со 19 поени.
Спорт
Зидан: Згрешив кога ја сменив формацијата

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по синоќешните 1:1 со Реал Сосиедад, рекол дека направил грешка кога ја сменил формацијата на неговиот тим.
Според Зизу, токму во тој период неговите играчи направиле грешка по која Реал Сосиедад, преку Порту, постигнаа гол.
„Згрешив кога ја сменив формацијата на почетокот на второто полувреме, го направив тоа бидејќи не бев задоволен од притисокот што го правевме. Не ми беше пријатно во тие 10 или 15 минути, а потоа се вративме на 4-3-3. Барав начин да ја сменам динамиката, можам да кажам дека одлично го завршивме натпреварот.Некогаш победувате и кога не го заслужувате тоа, а денес одигравме навистина добра натпревар. Имавме добри шанси. Едноставно топката не сакаше да влезе во голот. Мораме да бидеме трпеливи и мирни“, рекол Зидан.
Реал во наредната рунда ќе го игра градското дерби со Атлетико.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер