Скопје
Проширувањето на „Трета македонска бригада“ се одвива според планираното
Градежните работи на улицата „Трета македонска бригада“, којашто се проширува и реконструира на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, се одвива според зацртаната димнамика.
Градежните работи на улицата „Трета македонска бригада“, којашто се проширува и реконструира на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, се одвива според зацртаната димнамика.
„Со проширувањето, овој булевар ќе добие модерен изглед, ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе овозможи подобро поврзување со центарот на градот и развој на општината Аеродром, а ќе има позитивно влијание и врз животната средина“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој во четврток беше во увид на работите.Според проектот, на делница долга 1.400 метри, улицата „Трета македонска бригада“ ќе добие четири сообраќајни ленти, зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт и широка 2 метра и тротоар покриен со бекатон плочки со ширина од три метри. Ќе се изгради и средишна разделна жардиниера со ширина од 5 метри.На овој дел од улицата “Трета македонска бригада’ се поставува и нова атмосферска канализација со вкупна должина од 1.250 метри и полипропиленски цевки со профил од 500 и 800 милиметри, како и ново улично осветлување.За градежните работи, за дислокацијата на подземните инсталации и за осветлувањето на оваа новопроширена делница Градот Скопје ќе потроши околу 104 милиони денари. На проширување и реконструкција на улицата работат екипите на градежната компанија „Ескаватори ДОО“. Градежните работи се очекува да завршат оваа есен. Градот Скопје во 2014 година го прошири и реконструира првиот дел од булеварот „Трета македонска бригада’, на потегот од булеварот „Србија“ до улицата „Фрањо Клуз“, на делница долга 1.243 метри, за што се потрошија 147,2 милиони денари. На увид на градежните работи со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, беа и градоначалникот на Општината Аеродром, Ивица Коневски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

