Црна хроника
Обвинение за единаесет лица за шверцување мигранти
По спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинение против 11 лица за шверцување мигранти.
Во периодот од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие обвинетите М. С. (49) и неговиот син С. С. (23), заедно со обвинетиот А. М. (47) и А. А., кој е недостапен на органите на прогонот, организирале група за вршење кривично дело шверцување мигранти.
Припадници на групата станале обвинетите Б. Ј. (23), М. М. (21), Д. С. (29), Т. М. (36), Ф. А. (26) и Д. Љ. (50), кои ги прифаќале и превезувале мигрантите, како и Т. К.-Ц. (53) и Ј. К. (23), кои остварувале чести контакти со обвинетите М. С. и С. С. во врска со извршување на кривичното дело шверцување мигранти.
Воедно, автосервисот, во кој бил вработен обвинетиот Ј. К., бил користен за сервисирање на моторните возила со кои организираната група ги шверцувала мигрантите.
Групата за меѓусебна комуникација користела телефонски апликации на мобилни телефонски броеви од македонски и грчки мобилни оператори преку кои го договарале пренесувањето на мигрантите од Грција во Македонија.
Дејствата ги извршувале преку илегалните премини на т.н. зелена граница во околината на Гевгелија и Дојран, каде што мигрантите од претходно утврдени и договорени локации со возила ги превезувале до претходно извидени и договорени локации во Кумановско-липковскиот Регион. Таму илегалните мигранти во организација на обвинетиот А. М. биле прифаќани, засолнувани и привремено сместувани во објекти на неидентификувани лица, соработници и помагачи на организираната група, а потоа шверцувани преку територијата на Србија кон државите на ЕУ.
Поради начинот и мотивот на извршување на кривичното дело, особено околноста што ова кривично дело има меѓународен елемент во извршувањето и поврзаност на извршители од повеќе земји, Обвинителството достави и посебен предлог со кој се предлага продолжување на мерката притвор за обвинетите М. С., С. С., М. М., Д. С., Д. Љ. и А. М. и мерката куќен притвор за Т. К.-Ц., Ј. К., Т. М. и Ф. А. За обвинетиот Б. Ј. мерката притвор за кривичното дело шверцување мигранти е претходно определена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

