Црна хроника
Десет лица загинаа во авионска несреќа на Аласка
Десет лица загинаа во неделата во несреќа на авион-такси која се случи на аеродромот во Солдотна на Аласка, соопшти Националната комисија за безбедност во транспортот на САД (NTSB).
Според претставникот на полицијата на сојузната држава Аласка, Меган Петер, авионот се урнал за време на полетувањето од аеродромот во Солдотна. Веднаш потоа избил пожар и воздухопловот бил целосно уништен кога пристигнала противпожарната единици. Идентитетот на загинатите сé уште не е познат.
Во соопштението на NTSB се истакнува дека во неделата навечер била испратена екипа на местото на несреќата за да се утврдат причините за несреќата.
Авионот од типот „De Havilland DHC-3 Otter“ на компанијата „ Rediske Air“ со девет патници и пилот се урнал во неделата наутро по локално време, а потоа се запалил, истакнал Клинт Џонсон, локалне началника на NTSB во Аноориџ
Од NTSB во Солдотна бил испратен истражителот кој беше ангажиран во истрагата за несреќата на боингот на јужнокорејската компанија „Asian Airlines“ во Сан Франциско кога загинаа две лица а над 180 беа повредени.
Гратчето Содлотна има 4.200 жители и се наоѓа 120 километри јужно од Анкориџ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Кичево и општина Старо Нагоричане: возеле под дејство на алкохол
Вчера во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
Вчера вечер, во 22:10 часoт во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.С.(48) од Куманово. При сообраќајна контрола е сопрено возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари
Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.
Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.
Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место. Според пријавеното, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец ја истепал поранешната партнерка и насилно ја исфлил од автомобилот
Скопското Обвинителство поведе постапка против едно лице за телесна повреда.
„Осомничениот на 4 јануари, при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента“, соопшти Обвинителството.
Случаен минувач го пријавил настанот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување на лекарска помош.
Јавниот обвинител предложи од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката.

