Црна хроника
Изгоре автомобил на улица во Велес
Изгоре автомобил на улица Прохор Пчињски во Велес. Сопственикот се сомнева во двајца негови познаници
Целосно изгоре автомобил марка „БМВ% утрово околу 4 часот на улица „Прохор Пчињски“, во близина на црквата „Свети Спас“ во Велес.Сопственикот на автомобилот, 30 годишниот Ј.Т. веднаш ја информирал полицијата и противпожарната единица. И покрај брзата интервенција возилото целосно изгорело.Полицијата недалеку од опжареното патничко возило пронашла пластична канта, во која се сомнева дека имало бензин.Сопственикот на возилото изјавил дека се сомнева оти неговото возило го запалиле двајца негови познаници.Полицијата ќе ги повика на разговор двајцата осомничени што ги именувал сопственикот на опожареното возило, а пластичната канта ќе биде испратена на вештачење во крим техника во МВР Скопје.Инаку опожареното возило утрово ги вознемири жителите од овој дел на градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

