Црна хроника
Во пожарот во Пошта изгореле вкупно 3.247 евра
Во големиот пожар којшто избувна во вторникот во Поштата во центарот на Скопје изгореле 15.206 денари или 247 евра, а делумно изгореле 3.000 евра, соопштуваат од Македонски пошти.
Комисијата за попис на паричните средства од благајната констатирала кусок од 15.206 денари или 247 евра.
Од менувачницата, пак, делумно изгореле 3.000 евра кои биле подготвени да се достават како дотација во поштата во Пробиштип.
Пописната комисија овие пари ги нашла делумно изгорени, серискиот број на банкнотите е неоштетен.
Во меѓувреме градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во петок соопшти дека 40-те пожарникари кои во вторникот учествуваа во гасењето на пожарот ќе бидат наградени со 30 отсто од платата или со околу 100 евра, со оглед на тоа што платата на пожарникарите е од 18.000 до 20.000 денари.
Пожарот во зградата на Македонски пошти во центарот на Скопје, избувна во вторникот попладне, по што изгореа шалтер салата, покривот и неколку канцеларии на вториот кат.
Сè уште е се знае кој ќе ја плати штетата бидејќи Поштата не потпишала договор со ниедна осигурителна компанија за оваа година.
Во тек бил тендер, а според директорот на Македонски пошти, Рафиз Алити, компанијата која ќе го добиела тендерот ќе ја надоместела штетата бидејќи во тендерот имало клаузула според која осигурувањето важело ретроградно од почетокот на годинава./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

