Македонија
Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани нови 25 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 87 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.
Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Амар Мециновиќ: Сега сме веќе движење – вие кои ги знаете пораките и целите, пренесете им на вашите најблиски за заедно да славиме победа
„Сите вие кои ја следите и ја поддржувате оваа кампања, да почнете да агитирате помеѓу вашите најблиски. Многу луѓе не ја знаат уште приказната за ова нашe движење. Затоа, вие кои ги знаете пораките и целите на сè ова, разговарајте со вашите најблиски, со Вашите пријатели, родители, баби и дедовци, за да ја прошириме пораката и заедно да славиме победа“, ваков апел преку видео – порака упатува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
„Имаме идеја како сите да ве инволвираме во кампањата. Ова е повик за колективна акција. Следниот петок пред предизборниот молк, го пешачиме Скопје, затоа што сега сме веќе движење и во овој дел од кампањата ќе бидете инволвирани сите вие“, повикува Мециновиќ.
Тој додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ова движење, ги пренесуваат пораките, буквално, до секој скопјанец. Веруваат дека, конечно, под водство на Амар, ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации – скопјани со достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.

