Скопје
„Бела ноќ“ по десетти пат во Скопје

Јубилејното десетто издание на „Бела ноќ“ ќе биде отворено во сабота вечер, 04-ти октомври, во 20 часот во Националната галерија Даут пашин амам, каде што ќе биде организирана изложба насловена како „Еден век (ретроспектива)“ од раѓањето на Василие Поповиќ – Цицо, основоположникот на македонската сценографија, карикатурист и сликар.
На изложбата ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во јубилејното десетто издание на „Бела ноќ“, што е во организација на Младинскиот културен центар-Скопје, а под покровителство на Град Скопје, ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип, кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, дигитални креации), поезија, музика, филм и јавна уметност и урбани точки.
Како и во изминатите години, така и оваа „Бела ноќ“ нејзината програма ќе се одвива на многу локации низ градот.
И годинава во Градското кино „Милениум“ ќе се одржува 24 часовниот филмски маратон на најпознатите и најактуелни хитови од седмата уметност.
Бидејќи е десетто издание на „Бела ноќ“ ќе бидат поставени и 10 музички сцени кои ќе опфаќаат рок, џез, хип-хоп, хеви метал музика, а уметниците ќе потекнуваат од сите страни на светот: Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и речиси од сите земји на Балканот.
За „Бела ноќ“ е организиран е бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12 до 16 часот, како и бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19 часот, на сите линии кон центарот на Скопје.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)